Мајката на јутјуберот Лазаров ја искина членската од СДСМ: Ова е примитивно, јас сепак сакам ДЕМОКРАТИЈА

February 20, 2023
1 min read

Анита Лазарова, мајка на јутјуберот Стефан Лазаров кој се најде во центарот на скандалот со Драган Павловиќ-Латас кој во неговиот подкаст зборуваше за начинот на кој тој и негови другари на 15 години сексуално злоупотребиле девојка во автомобил, која притоа била и „шамарана“, ја искина партиската книшка од СДСМ.

Ова следува откако Форумот на жени на СДСМ јавно ги осуди Лазаров и Латас и го повика Јавното обвинителство да покрене постапка.

Мајката на Лазаров на Фејсбук објави дека СДСМ „претерале “ и мислеле дека од позиција на моќ можат се.

За да објавиш вакво нешто само заради тоа зашто не ви се допаѓа гостинот (н.з. Латас), а притоа да етикетираш млад човек за насилство врз жени е многу, ама многу примитивно. Жалам за моите сопартијци, со кои долго време зборуваме дека не си ја препознаваме партијата на која и веруваме повеќе од 20 години. Од мене и од многу како мене ЗБОГУМ. Јас сепак сакам демократија, напиша Лазарова како реакција на барањето на Форумот на жени на СДСМ.

И самиот Лазаров се огласи со реакција. Тој не гледа ништо спорно во тоа што се зборуваше на неговиот подкаст и начинот на кој тој и неговиот гостин зборуваа за сексуалниот чин и третирањето на жената. Според него, живееме во држава во кој се чека момент да се уништи некој и дека нема проблем со тоа, но да прифати дека е поддржувач на силување немало никогаш.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борел: Обезбедувањето муниција за Украина може да го одреди исходот на војната

Следно

Промоција на новиот и на уште три евергрин романи од Влада Урошевиќ во МКЦ

Latest from Blog

Феран Торес: Барса мора да покаже дека ме сака!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Шокантни беа најавите дека Феран Торес би можел да си замине од Барселона и да направи трансфер во ПСЖ. Неговата ситуацијата многу се промени по Светското првенство бидејќи тој беше херој

ИЗГОРЕНИ АВТОМОБИЛИ, ЗАТВОРЕНИ ПЛАЖИ И УЛИЦИ ПРЕПОЛНИ СО ОТПАД – Фнидек во хаос по мигрантскиот бран кон Сеута

Фидек е под засилени безбедносни мерки откако масовно движење на мигранти кон шпанската енклава Сеута го наруши мирот во ова крајбрежно место. Плажите се затворени со бариери, а вооружени марокански полицајци се

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27
Go toTop