Блинкен: САД ќе дадат 100 милиони долари помош за жртвите од земјотресот

February 20, 2023
1 min read

Кога ќе го видите степенот на штетата, бројот на згради, бројот на станови, бројот на куќи кои се уништени, сфаќате дека ќе треба голем напор да се обнови и ние сме посветени на поддршката на тоа, изјави Блинкен

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, кој е во посета на Турција, изјави дека САД ќе обезбедат дополнителна помош од 100 милиони долари за настраданите од земјотресот во кој загинаа речиси 45 000 луѓе во Турција и во соседна Сирија.

Блинкен, кој дојде од Минхен каде што учествуваше на Конференцијата за безбедност, слета во воздухопловната база Инџирлик во југоисточна Турција и ја изрази американската поддршка на таа земја.

Највисокиот американски дипломат имаше хеликоптерска турнеја на некои од најтешко погодените области заедно со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, а подоцна рече дека е навистина тешко да се каже со зборови уништувањето што го видел за време на турнејата.

„Додаваме 100 милиони долари за да им помогнеме на оние на кои очајно им е потребна помош. Кога ќе го видите степенот на штетата, бројот на згради, бројот на станови, бројот на куќи кои се уништени, сфаќате дека ќе треба голем напор да се обнови и ние сме посветени на поддршката на тоа“,

рече Блинкен, кој со хеликоптер ја обиколи провинцијата Хатај разурната од земјотресот.

Турските власти вчера соопштија дека ја прекинуваат потрагата по жртви освен во две провинции – Кархаманмарас, каде што беше епицентарот на земјотресот и Хатај.

Ден по земјотресот, американските власти испратија неколку тимови за пребарување и спасување во Турција, околу 200 луѓе и ја дадоа првата транша од хуманитарна помош од 85 милиони долари.

Блинкен треба да има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тоа е прво патување на американскиот државен секретар во Турција откако тој ја презеде функцијата пред две години. Посетата беше закажана пред земјотресот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

1 во 45.000

Следно

Што стои зад зајакнувањето на еврото во однос на доларот?

Latest from Blog

Божиновска: Со Србија, Грција и Бугарија ја продлабочуваме регионалната енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска учествува на Вториот министерски самит во Белград, каде со колегите од Србија, Грција и Бугарија разговара за конкретни чекори за зајакнување на

ЈУЖНА КОРЕЈА МЕЃУ КИЕВ И МОСКВА: Трговија со гориво зад грбот на санкциите

Гориво од Јужна Кореја стигнува до Русија – делумно преку танкери под санкции – во време кога Москва се соочува со недостиг на залихи поради војната во Украина. Анализата на пристанишните евиденции

Овации и бис за македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски на фестивалот „Due Siciliae“

Со арии од „Тоска“, „Вертер“ и „Турандот“, Ѓорѓи Цуцковски се претстави на две концертни вечери на меѓународниот фестивал „Due Siciliae“. Македонскиот тенор, според неговото сведоштво, на двата настапа беше награден со бурни
Go toTop