Бројот на убиени во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Запорожје се зголеми на осум

December 11, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на убиени во рускиот ракетен напад доцна синоќа врз украинскиот град Запорожје се искачи на осум, соопштија денес локалните власти, јавува Анадолу.

„Уште едно тело е извлечено од урнатините во Запорожје. Досега осум лица се убиени во руски ракетен напад врз приватна медицинска установа во градот“, објави Украинската државна служба за итни случаи на Телеграм.

Понатаму во соопштението се наведува дека во нападот се повредени уште 22 лица, меѓу кои и едно дете.

Исто така, се наведува дека на местото на нападот во тек се операции за пребарување и спасување, стравувајќи дека сѐ уште е можно да има заробени луѓе под урнатините.

Гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, исто така, го потврди бројот на жртвите, пишувајќи на Телеграм дека во нападот врз подрачјето на градот Вознесенивскји се оштетени 20 станбени згради и три други згради во градот кои не се станбени.

Доцна синоќа Федоров објави дека во нападот загинале четири лица, а 20 се повредени.

„Сега немаме доволно системи за да ја заштитиме нашата земја од руските ракети. Но нашите партнери ги имаат овие системи. Повторуваме, повторно и повторно, дека системите за противвоздушна одбрана треба да спасуваат животи, а не да собираат прав во базите за складирање“, рече претседателот Владимир Зеленски во вечерното видеообраќање.

Руските власти сѐ уште не го коментираа инцидентот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проф. Кекеновски: Ќе ве причекаме претседателе на Уставниот Суд, но вие да си постапите според одредбите од актот на уставниот суд на РМ

Следно

„Никогаш не ги оставивме сами нашите браќа ниту при израелските злосторства во Газа ниту во сириската криза“

Latest from Blog

УНЕСКО: Девојчињата повторно заостануваат зад момчињата во математика- тоа не е добро

Во 2023 година, уделот на земјите каде што момчињата се побројни од нив достигна ниво невидено во речиси триесет години, истакнува УНЕСКО. „Овој тренд е загрижувачки“, предупредува организацијата на ОН, според која

Обвинителството бара притвор за екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата. Осомничениот, во периодот

Иран вели дека е подготвен: Одиме на Мундијалот!

фото: Megatron (X) Портпаролката на иранската влада, Фатемех Мохеџерани, ја потврди намерата на националниот фудбалски тим да игра на Светското првенство во 2026 година. „Министерството за млади и спорт објави дека нашата
Go toTop