Ахмети: Груби е совесен и одговорен, доколку се утврди вина сам ќе се повлече од партиските функции

December 11, 2024
1 min read

Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право господин Груби го има во одлуката на Стејт депарментот и тој сигурно нема да му наштети ниту на неговиот политички субјект (Демократската унија за интегација), ниту на неговото семејство, до моментот кога овој процес ќе добие финална разврска, изјави денеска лидерот на ДУи Али Ахмети.

На новинарско прашање доколку му се утврди вина, дали ќе биде отстранет од партијата, Ахмети рече дека Груби е совесен и одговорен и дека нема потреба партијата да го отстрани, туку дека тој сам ќе се повлече од сите партиски функции.

– Господинот Груби е член на ДУИ, личност која четири години ја водела Владата на Република Македонија. Секој член на ДУИ има обврска, без разлика на која функција се наоѓа, на повисоките или пониските нивоа да ги спроведе платформата и избирачката програма на ДУИ, рече Ахмети.

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави воведе санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.

Според соопштението, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Мијалков беше санкциониран во 2022 година за значителна корупција според Секцијата 7031(в) од Законот за надворешни операции и поврзани програми на Стејт департментот.

Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Екс директорот на ЕСМ Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичен суд

Следно

Израелската Армија изврши рација во менувачници во Рамала

Latest from Blog

Комо знае како против Јувентус (ВИДЕО)

Тимот на Комо предмалку извојува супер победа над тимот на Јувентус на домашен терен во рамките од првиот дуел од денешната Серија А понуда. Пред полниот свој стадион, Комо одигра одличен дуел,

До 13 часот излезеноста 20,12 отсто

Излезеноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13:00 часот се пристгнати податоци од 3

Фото: Том Хенкс фотографиран во јавен превоз

Славниот оскаровец, мегапопуларниот актер Том Хенкс се возеше со њујоршкото метро и уште еднаш покажа дека е една од најскромните холивудски ѕвезди. Актерот, чие богатство се проценува на 400 милиони долари, беше облечен

Конте: Примивме гол што сами го создадовме

Фото: Наполи Х Антонио Конте направи анализа по поразот од Торино од 1-0 во рамките на седмото коло во Серија А. „Во првото полувреме добро ја движевме топката и создадовме шанси, но
Go toTop