Најмалку 25 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Газа

December 11, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Уште најмалку 25 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз две куќи во северниот и централниот дел на Појасот Газа утринава, додека израелската Армија ја продолжува својата геноцидна војна врз палестинската енклава, јавува Анадолу.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелските воени авиони погодиле трикатница во близина на болницата „Камал Адван“ во Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа, убивајќи 18 Палестинци и целосно уништувајќи ја зградата.

Околу 12 други се водат за исчезнати под урнатините, додаваат сведоците.

Во централниот дел на Појасот Газа, болницата „Ал-Авда“ соопшти дека уште седум лица се убиени, а шест се повредени во израелски воздушен напад врз југозападната област на бегалскиот камп Нусејрат.

Болницата објави и снимка од медицинските тимови кои се обидуваат да ги извадат телата од погодената куќа.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелски воен авион удрил и целосно ја уништил куќата на семејството Бајјуми во бегалскиот камп Нусејрат, при што биле убиени седум лица, додека други две се водат како исчезнати.

Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа во која се убиени речиси 44.800 луѓе, главно жени и деца, од 7 октомври минатата година.

Меѓународниот кривичен суд на 21 ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Неотворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, што го потврди САД со ставањето на црна листа

Следно

Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски: Изградбата на новата детска градинка во Бутел 2 се развива со одлична динамика (ФОТО)

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop