Либија побара вонредна седница на Арапската лига поради израелската окупација на територијата во Сирија

December 10, 2024
1 min read

ТРИПОЛИ (АА) – Либија ја повика Арапската лига на вонреден состанок поради проширувањето на израелската окупација во Сирија во област на 25 километри од главниот град Дамаск, јавува Анадолу.

Во соопштението на Постојаното претставништво на Либија во Арапската лига се наведува дека Либија ја поканила оваа организација на вонреден состанок на кој ќе се разговара за прашањето за проширувањето на израелската окупација во Сирија.

Се надеваме дека најдоцна во рок од два дена ќе се одржи вонреден состанок на Арапската лига, кој ќе вклучи преземање итни мерки во врска со проширувањето на израелската окупација на сириска територија.

Израелската Армија влезе во тампон-зоната во окупираната Голанска Висорамнина по инструкции на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац.

Израел ја окупираше сириската Голанска Висорамнина од 1967 година. Границите на тампон-зоната и демилитаризираната зона беа одредени со Договорот за поделба на силите потпишан меѓу Израел и Сирија во 1974 година.

Во изјавата што ја даде за време на неговата посета на Голанската Висорамнина, Нетанјаху рече дека „окупацијата е привремена“.

Израелската Армија објави фотографии од војници и оклопни сили кои ја окупираат тампон-зоната во Голанската Висорамнина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОЈО СО ДЕТАЛИ ЗА АКЦИЈАТА „АДИТИВ“: Под истрага 23 лица, акцијата е во тек – се обезбедуваат материјални докази

Следно

Народен правобранител: Во многу институции при вработувањето сѐ уште има дискриминација по етничка основа

Latest from Blog

Училиштата во САД воведуваат дронови со бибер спреј : Нема да им избегате

Системот вклучува дроновите да бидат во постојана готовност и да се активираат по потреба, пишува Futurism. Производителот Mithril Defense вели дека неговите дронови можат да достигнат брзина до 100 километри на час

Муцунски: Немаме план Б за ЕУ, но не прифаќаме решение по секоја цена

Министерот за надворешни работи ја обвини претходната власт за создавање хаос преку прифаќање непромислени обврски и убедување на Софија дека обични записници се правно обврзувачки документи. Надминувањето на билатералниот проблем е клучниот

Скандал што се криеше: СКОРО 800.000 ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ УКРАИНЦИТЕ ПРОДАЛЕ НА МАФИЈАТА

Италијанскиот весник „Il Fatto Quotidiano“ објави дека од 2022 година, околу 780.000 парчиња оружје исчезнале или биле украдени од испораките на Европската Унија за Украина. Според изданието, само во првите пет месеци
Go toTop