Граѓаните излегуваат на протестен марш „Скопје мора да дише! Македонија мора да дише!“

December 10, 2024
1 min read

Денеска во 16:00 часот ќе започне најавениот протестен марш за чист воздух. Протестот ќе започне од Министерство за животна средина и просторно планирање, ќе продолжи пред преку Собранието, а маршот ќе заврши пред Владата на Северна Република Македонија.

Организаторите „Зелен хуман град“, кои обединуваат 23 граѓански организации велат дека го организираат протестот бидејќи секоја година од 3.828 до 5000+ луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух, посочуваат од Зелен хуман град.

Бараме од надлежните институции, се истакнува во најавата за маршот, итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на овие ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето.

Сите предлог мерки неопходни во справувањето со аерозагадувањето се објавени тука: https://mojgrad.mk/blog/protest-za-chist-vozduh/

Организаторите ги повикуваат сите граѓани да бидат дел од маршот затоа што, „правото на чист воздух следува! Искористи го протестот за да го изразиш своето барање за чист воздух од институциите“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Измените и дополнувањата на Законот за културата на Комисијата за култура и туризам

Следно

Променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност

Latest from Blog

Земјотрес со јачина од 4,9 степени го погоди Мексико

Мексико денес беше погодено од земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на

Денеска е Свети пророк Малахија

Светиот пророк Малахија Според редоследот на времето тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал

“Vibe dating” – нов тренд кој генерацијата „Зет“ го обожава, еве за што станува збор

Наместо партнери „совршени на хартија“, тие сè повеќе бараат она што се нарекува – вибрација. Новиот тренд што се шири меѓу припадниците на генерацијата Z се нарекува постоење „вибрација“, а во фокусот
Go toTop