Зошто Индија не фаќа страна во војната

February 18, 2023
1 min read

Не сакам да звучам кавгаџиски, но, дали купувањето руски гас не ја финансира војната? Само индиските ли пари и горивото кое доаѓа во Индија ја финансираат војната (во Украина) но не и гасот кој доаѓа во Европа? Ај малку пофер да бидеме.

Ако европските земји, Западот и САД се толку загрижени, зошто не дозволуваат иранската нафта да дојде на пазарот? Зошто не дозволуваат венецуелската нафта да дојде на пазарот? Тие го задушија секој друг извор на гориво кој го имаме а потоа викаат: ‘Дечки, не смеете да барате пазарно најдобри услови за вашите луѓе’. Не мислам дека тоа е баш фер пристап.

Новинар: Како мислите дека може да ви се верува? Дали мислите дека другите ќе му помогнат на Делхи откако Делхи не им помогна на другите во врска со Украина?

Ако Европа ја гледаме колективно, а таа доследно молчеше за многу работи кои се случуваа, на пример во Азија, можете да се запрашате зошто некој во Азија би ѝ верувал на Европа, за било што.

Ако сакате други да ве разберат, треба и вие да ги разберете другите. Ако Европа каже, треба да ја менаџираме ситуацијата за влијанието врз економијата да не биде драматично, таа слобода треба да важи и за други луѓе. Европа треба да излезе од оној модел на мислење по кој европските проблеми се и светски проблеми, ама светските проблеми не се европски проблеми.

Постои поврзаност меѓу она што се случува меѓу Кина и Индија и она што се случува во Украина. Дечки, Кина и Индија се случија многу пред Украина. Имаме проблематични односи со Кина но сосема сме способни да ги менаџираме. Ако глобално добиеме разбирање и поддршка, тоа сигурно ќе ни помогне. Но онаа идеја за трансакција, дека ќе влезам во еден конфликт бидејќи тоа ќе ми помогне во друг конфликт, така не функционира светот.

Многу од нашите проблеми со Кина немаат врска со Украина или со Русија, тие се постари од тоа.

Прашање: Како и каде Индија се вклопува во….

Не, извинете, тоа е токму она со кое не се согласувам со вас. Сакате да ми наметнете конструкција и јас неа не ја прифаќам. Не мислам дека мора да се приклучам на Оската, или дека ако не им се приклучам на едните, тогаш морам да сум од кај другите… Не го прифаќам тоа.

Ние сме една петина од светската популација. Ние сме петта или шеста најголема економија во светот. Башка историја, цивилизација, сите го знаат тоа. Мислам дека имам право да имам сопствена страна, дека имам право да ги проценувам сопствените интереси и да правам свои избори. А моите избори нема да бидат цинични или трансакциони, но ќе бидат баланс меѓу моите вредности и моите интереси. Не постои земја на светот која ги запоставува своите интереси.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Иванов се обрати на Светскиот форум за демократија и мир во Берлин

Следно

Туркије: Продолжува работата на расчистување на урнатините во Кахраманмараш, епицентарот на земјотресот

Latest from Blog

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со
Go toTop