Јапонија вети помош, посакува слобода и просперитет за сирискиот народ

December 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Јапонија денес вети дека ќе помогне во решавањето на кризата во Сирија и посака слобода и просперитет за сирискиот народ, по падот на режимот предводен од соборениот претседател Башар ал Асад, јавува Анадолу.

„Јапонија ќе продолжи тесно да соработува со меѓународната заедница за да помогне во решавањето на кризата во Сирија и постигнuvawe мир и стабилност во регионот на подолг рок“, изјави за новинарите највисокиот владин портпарол Јошимаса Хајаши во Токио.

„Го следиме развојот на настаните во Сирија со голема загриженост“, рече Хајаши, објави токискиот „Кјодо њуз“.

По период на релативна смиреност, на 27 ноември повторно се разгореа судири меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските групи во руралните области западно од Алепо, град во северна Сирија.

Во текот на 10 дена, опозициските сили започнаа молскавична офанзива, освојувајќи клучни градови, а потоа, во неделата, и главниот град Дамаск. Брзиот напредок, поддржан од дезертираните воени единици, доведе до колапс на режимот на Асад по 13 години граѓанска војна.

Асад и неговото семејство побегнаа во Москва каде Русија им даде азил.

„Се надеваме дека насилството ќе заврши што е можно поскоро и дека сирискиот народ ќе може да ужива во слободата и просперитетот додека се заштитени основните човекови права“, рече Хајаши.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Отворено писмо на Сотир Костов до Апасиев (втор  дел): Професоре, кочете малку!

Следно

Наполи ќе го потпише Данило

Latest from Blog

Светиот маченик Лонгин

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Светиот маченик Лонгин Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и

Најстудено во Берово, а еве во кој македонски град е најтопло утрово

Најстудено утрово е во Берово, -3 степени Целзиусови, а максимални 5 степени се измерени во Охрид. Според Управата за хидрометеоролошки работи, -1 степен е во Лазарополе, 0 во Скопје–Петровец, Тетово, Битола, Демир

Страшен напад на пирани во Бразил- бебе остана без нога, повредени уште 6 лица (Вознемирувачко видео)

Во нападот се повредени седум лица, вклучувајќи и бебе на кое рибата му откинала дел од ногата, објавува „Дејли меил“. Инцидентот се случил на плажата Мирити во градот Манакапуро, во државата Амазонас,

Уапсени двајца малолетници поради вирален ТикТок тренд, родителите низ целиот свет се загрижени (ВИДЕО)

Младите корисници создаваат слики од непознат маж генерирани од вештачка интелигенција во нивните домови, а потоа се потсмеваат на своите мајки и татковци. „Ова е лудо! Што е ова?“ Во едно од
Go toTop