Баерн го повлекува бројот 5, ќе остане уникатно наследство

December 8, 2024
1 min read

Баерн Минхен го повлече дресот со бројот 5 кој го носеше дефанзивецот Франц Бекенбауер, објавија од прес-службата на клубот.

-Бројот 5 останува резервиран за уникатно наследство. Затоа што нашиот клуб и неговата историја се едноставно незамисливи без Франц, изјави претседателот на клубот Херберт Хајнер.

За Баерн број 5 играа Матс Хумелс, Даниел Ван Бујтен, Роберт Ковач, Мехмет Шол. Последен играч кој го носеше дресот со број 5 беше Бенџамин Павард во сезоната 2023/24.

Бекенбауер почина на 7 јануари оваа година. За Баерн играше од 1963 до 1977 година. Заедно со тимот од Минхен четири пати стана германски шампион. (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Познат идентитетот на тројцата починати во неготинско Црвени Брегови

Следно

Дополнетиот предлог на буџетот за 2025 утре на собраниска седница

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop