Се подготвува терен за набавка на нов владин авион

December 8, 2024
1 min read

Владиниот авион со кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова требаше да лета за Париз на отварањето на реновираната катедрала Нотр Дам, се расипал на 3 декември. Со него патувал претседателот на Собранието Африм Гаши во Стокхолм, Шведска. За време на подготовката  на авионот за лет кон Скопје и редовните активности и проверки на аеродромот во Стокхолм утврдена е неисправност на едниот од двата инструменти кои покажуваат температура на издувните гасови од моторите, објави порталот Сакам да кажам.

 – Според прописите на производителот, неисправноста на еден таков инструмент не дозволува летачка операција ниту стартување на моторите се до негова замена. Нов инструмент стигна на 4 декември и веднаш по неговата замена и проверка, авионот е вратен во Скопје. Се прават додатни анализи и испитувања за со сигурност да можеме воздухопловот да го пуштиме во погон. Секогаш кога воздухопловот бил во погон бил целосно исправен и безбеден, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски.

 Томовски во изјавата за Сакам да кажам  наведува оти смета дека како држава треба да набавиме нов владин авион.

-Од 2017 до сега сме потрошиле околу 3,5 милиони евра за поправки. Сметам дека треба да се купи нов авион и за тоа сум спремен да дискутираме во Собранието и да има консензус од сите политички партии. Сум разговарал со поранешните директори на Службата и сите сметаат дека ваква набавка е неопходна. Авионот покрај тоа што е стар, е и мал. Има место само за шест патници, што значи дека често не ја  собира ни цела делегација, па придружбата на високите државници мора да оди со комерцијални летови, што е ем неефикасно, ем често пати и поскапо.  Нам ни треба бизнис авион кој има најмалку 15 седишта, вели Томовски. 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како што соопшти синоќа нејзиниот Кабинет, не замина во Франција на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, поради дефектот на владиниот авион.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да ја слушнат изјавата на Мицкоски, да не сеат магла, иако знаат дека во среда нема да се случи ништо

Следно

НАГРАДАТА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ИМ ЈА ПОСВЕТУВАМ НА СИТЕ МОИ НЕВИДЛИВИ ПРЕТХОДНИЧКИ, РЕЧЕ ПРОФЕСОРКАТА МАЈА БОЈАЏИЕВСКА

Latest from Blog

ВЛЕН: Струга се обединува околу независниот кандидат Менди Ќира

Коалицијата ВЛЕН вечерва одржа голем митинг во Струга, каде пред голем број граѓани беше испратена јасна порака дека Струга оживува и дека времето на лошото владеење завршува. ВЛЕН целосно го поддржува независниот

Коњановски: Граѓанските иницијативи стануваат конкретни проекти за подобар живот

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека секој голем проект започнува од гласот на граѓаните и дека со заедничко размислување, пишување и работа се креираат решенија кои го подобруваат

Руи Коста откри детали од договорот на Мурињо

ФОТО: Sport Lisboa e Benfica/FB Претседателот на Бенфика, Руи Коста, не го криеше своето задоволство од работата што ја заврши Жозе Мурињо на чело на тимот. Поранешниот португалски репрезентативец нагласи дека клаузулата

Коњановски: Топлификацијата ќе ги ослободи 36 институции од цврсто гориво во Битола

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, изјави дека проектот за топлификација е во завршна фаза и ќе овозможи 36 јавни институции да престанат со користење на цврсто гориво, што

Земјотрес во Индонезија со јачина од 6,7 степени

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди покраината Папуа во Индонезија, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Земјотресот се случил на 200 километри од градот Абепур, на длабочина од
Go toTop