Села до Мицкоски: Не го чепкајте албанскиот јазик

December 8, 2024
1 min read

Зијадин Села, кој сега е дел од Европскиот фронт, му порача на премиерот Христијан Мицкоски да не го „чепка“ албанскиот јазик. Претходно Мицкоски рече дека „во среда ништо нема да се случи“.

„Кога сме на тема јазикот, долго време се најавуваше дека нема да му се наштети на албанскиот јазик, само три члена од законот се тие што ќе се отстранат. И излезе вистината, дека целиот закон за употреба на јазиците е доведен во прашање. Тие рекоа дека овие прашања за албанскиот јазик се додека се таму нема да се чепка албанскиот јазик, но од друга страна преку уставните судии беше соопштено дека целиот закон е доведен во прашање, а не само три члена. И кога сме на оваа тема велат дека Уставниот суд е тој што го прави ова, но излезе вистината дека иницијативата за укинување на законот за употреба на  јазиците била на ВМРО-ДПМНЕ и ние ова го знаеме и сме го објавиле на јавноста.

Апел до Владата, до Христијан Мицкоски, точно е дека Уставниот суд не е во прашање, но ваша иницијатива е да се чепне албанскиот јазик. Опаметете се и не допирајте го албанскиот јазик, јазик кој, од археолошките извори и направените откритија, датира повеќе од 8 илјади години овде во оваа земја. И кога ќе поминете барем една седмина од овие 8 илјади години на овие краишта, тогаш можеме да зборуваме за албанскиот јазик. А заедно со овој јазик, во овие краишта, Албанците биле камења што никнале, а не од некаде фрлени. Направиле отпор со илјадници години и нема да ви пружаат отпор вас за овие 5-6 месеци владеење што ги правите или не знам на колку други влади ќе пружат отпор“, изјави Села.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски уверува: За кратко време ја консолидиравме економијата

Следно

Божиновска: Силата на еден народ лежи во писменоста, културата и духовноста – да го чуваме аманетот на Свети Климент Охридски

Latest from Blog

Еве кој е прогласен за играч на натпреварот!

ФОТО:x.com/ChampionsLeague ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по изведување на пенали вечерва во Будимпешта. Финалето заврши со резултат 1:1 по регуларното време, а во продолжението од половина час не беа постигнати голови.

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Во соопштението се вели дека нападот не предизвикал штета на клучната опрема, но направил дупка во ѕидот на машинската просторија. „Попладнево, украински борбен дрон камикази го погодил ѕидот на машинската просторија на

Семејствата на жртвите од „Пулс“: Не сакаме одмазда бараме правда и одговорност за трагедијата во институциите на системот

На денот на Задушница, семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно излегоа на марш, испраќајќи силна порака дека споменот на 63-те жртви не смее да биде

„НЕ за одмазда, НЕ за пресуди на улица“ – семејствата на жртвите од “Пулс” повторно побараа правда

На денот на Задушница, семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно излегоа на марш, испраќајќи силна порака дека споменот на 63-те жртви не смее да биде
Go toTop