УЈП: Во ноември откриени неправилности кај 126 даночни обврзници

December 8, 2024
1 min read

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека од вкупно  907 контроли согласно Законот за регистрирање готовински плаќања, кои ги спровела минатиот месец (од 1 до 30 ноември), кај  750 даночни обврзници не биле утврдени неправилности.

-Тоа покажува дека голем број даночни обврзници работеле во рамки на законските прописи. Сепак, кај 126 даночни обврзници УЈП  утврди неправилности, кои се однесуваат на различни прекршоци и издаде прекршочни платни налози, како и решенија за привремена забрана за вршење на дејност на дел од нив, информира Управата.

Како што наведува во соопштение, 93 глоби биле изречени за неиздавање фискални сметки за извршен промет на добра и услуги; 10 глоби за неводење или непоседување книга за дневни финансиски извештаи; 16 глоби за непоседување резервен фискален систем на опрема; четири глоби за непоседување одобрен фискален систем на опрема; две лоби за неиздавање парагон блокови и една глоба за неприкажување промет од македонски производи.

УЈП напоменува дека во овие случаи, „целта не е само санкција, туку укажување и поддршка во правилната примена на законот и даночно усогласување на обврзниците“.

-Дополнително, во рамките на  активностите во периодот на контролата беа констатирани три  случаи на нерегистрирана дејност. За три даночни обврзници дадена е препорака во однос на неможноста за скенирање фискални сметки од страна на купувачите со цел подобрување на нивното работење, се наведува во соопштението. 

Управата за јавни приходи информира дека ќе продолжи со своите активности и „ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел  почитување на законските прописи“. Апелира до сите даночни обврзници да ги почитуваат законските обврски  да го регистрираат  готовинското плаќање, да издаваат фискални сметки.

-Даночните обврзници кои имаат потреба од помош во процесот на усогласување со законските обврски, може да се обратат директно во Управата за јавни приходи, каде ќе добијат поддршка и стручни совети за правилно спроведување на сите потребни процедури. Нашата цел е да обезбедиме помош и поддршка  за сите даночни обврзници да можат успешно да ги исполнат своите обврски и да бидат усогласени согласно со законите, соопшти УЈП. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Во среда нема ништо да се случи, многу брзо ќе дознаете за огромниот криминал на поранешни владини функционери

Следно

ДОКАЖАВМЕ ДЕКА ФИЛМОТ НЕ Е САМО ЗА МАЖИ, РЕЧЕ ЛАБИНА МИТЕВСКА ПРИМАЈЌИ ЈА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА КОПРОДУКЦИЈА

Latest from Blog

Завршена реконструкцијата на железничката обиколница околу Скопје

Завршена е реконструкцијата на железничката обиколница околу Скопје, односно пругата Драчево – Илинден, со што ќе се овозможи товарните возови да се пренасочат надвор од градот. Заменик-претседателот на Владата и министер за

Николоски: Завршивме со реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, товарните возови надвор од градот

Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар

Министерство за финансии: Нови 2,4 милиони евра за поддршка на домашните компании

8 јули 2026, Скопје – Министертвото за финансии изврши трансфер на нови 148,6 милиони денари или 2,4 милиони евра кон Развојната банка, средствата наменети за поддршка на инвестиции во домашните компании. Со последниот

ММФ предупредува: Бакарот станува сè поважен стратешки ресурс, Македонија сè уште не го користи својот потенцијал во Иловица

Прекините во светските синџири на снабдување и конфликтите на Блискиот Исток повторно ја зголемија цената на бакарот, покажува најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд. Според Фондот, токму бакарот е меѓу металите што
Go toTop