Државната телевизија на Сирија објави дека Башар ал Асад е соборен од власт, сите затвореници се ослободени

December 8, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Сириската државна телевизија денес емитуваше видео-изјава на група мажи во која се јавува за соборувањето на долгогодишниот претседател Башар ал-Асад и ослободувањето на сите затвореници од затворите, јавува Анадолу.

Видеото е објавено откако рано утрово антирежимските вооружени групи ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск, со што му се донесе драматичен крај на режимот на Асад.

Лицето што ја прочита изјавата ги повика сите членови на опозицијата и граѓаните да ги заштитат институциите на „слободната сириска држава“.

– Патот до колапсот на режимот на Асад –

На 27 ноември избувнаа судири меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските вооружени групи во руралните области западно од Алепо, еден од најголемите градови во северна Сирија.

На 30 ноември, антирежимските групи ја презедоа контролата врз поголемиот дел од центарот на Алепо од режимските сили, а истиот ден ја презедоа контролата врз целата покраина Идлиб. Минатиот четврток, по жестоки судири, групите го презедоа центарот на градот Хама од режимските сили.

Антирежимските групи зазедоа одредени населени места во стратешки важната покраина Хомс, порта кон главниот град Дамаск, и почнаа да напредуваат таму.

Во петокот, вооружените опозициски групи започнаа операција во покраината Дера на сириската граница со Јордан и го зазедоа центарот на градот од режимските сили по судирите.

Вчера под контрола на опозициските групи падна и целата покраина Сувејда во јужна Сирија. Истиот ден, локалните опозициски групи во Кунеитра, исто така, ја презедоа контролата врз покраинскиот центар.

Во покраината Хомс, која води до главниот град, вчера антирежимските сили ја презедоа контролата врз центарот на покраината.

Групите кои напредуваа против силите на режимот на Асад влегоа во јужните предградија на Дамаск доцна синоќа. Режимските сили се повлекоа и од министерствата за одбрана и внатрешни работи и од Меѓународниот аеродром во Дамаск.

Откако антирежимските вооружени групи почнаа да го зголемуваат своето напредување во главниот град, режимот на Асад утрово брзо изгуби секаква контрола над Дамаск. По гласините дека побегнал од главниот град, моментално не се знае каде се наоѓа соборениот Башар ал-Асад.

Исто така, во операцијата „Зора на слободата“ што ја започна опозициската Сириска национална армија против терористичката организација ПКК/ЈПГ во руралните делови на Алепо на 1 декември, окружниот центар Тел Рифат беше ослободен од тероризмот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради магла намалена видливост до 100 метри на патот Кичево – Македонски Брод

Следно

Нов удар за Конор МекГрегор

Latest from Blog

ВЕ БОЛАТ КОЛЕНАТА И КОСКИТЕ? Вклучете го ова во исхраната и зглобовите ќе бидат како „подмачкани“

Правилната исхрана богата со специфични нутриенти може да игра клучна улога во зачувувањето и можната регенерација на ’рскавицата, како и во долгорочното здравје на зглобовите. Болките во зглобовите и колената стануваат сè

ТУРИСТИТЕ И ГРАЃАНИТЕ И ВО НЕДЕЛА И ВО ПРАЗНИК ЌЕ МОЖАТ ДА КУПУВААТ НА ШИРОК СОКАК

Битола, продолжува да ја зацврстува својата позиција како врвна туристичка дестинација, нудејќи им на посетителите незаборавно искуство низ вековната историја и автентичната архитектура. Култното шеталиште Широк Сокак, со својот уникатен спој
Go toTop