ЛДП: Да се забрани „Тик-Ток“ и во Македонија

December 7, 2024
1 min read

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува неодговорното ширење на опасни содржини на социјалните мрежи, како последниот ТикТок „предизвик“ познат како „Супермен“, кој во последните 24 часа предизвика повреди кај шест деца низ Македонија.

Според ЛДП, најмладиот од повредените има само 10 години, а најстариот 17. Партијата оценува дека овие податоци се алармантни и укажува на сериозната закана што ваквите содржини ја претставуваат за физичкото и менталното здравје на децата, повикувајќи на итна општествена реакција.

„Немањето соодветна контрола врз содржините на социјалните мрежи овозможува ваквите „игри“ да стигнат до најранливите корисници. Ова е директен удар врз нашата колективна одговорност како родители, институции и општество,“ се вели во реакцијата.

ЛДП потсетува дека минатата година доставила предлог до Министерството за образование за регулирање на содржините на социјалните мрежи, но досега не се преземени конкретни чекори.

Партијата бара итно воведување на мерки за забрана на содржини што поттикнуваат насилство и саморазорувачко однесување, зголемување на надзорот и санкционирање на платформите што овозможуваат опасни трендови.

„Нашите најмлади заслужуваат безбедно детство исполнето со радост, а не со страв и последици од несреќни трендови,“ порачуваат од ЛДП.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристески: Бројот на производите во новогодишната кошничка може да надмине 800

Следно

ДУИ бара оставка од Тошковски – тој изјави дека екс градоначалник на ДУИ бил вмешан на Денот на албанското знаме

Latest from Blog

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,
Go toTop