„Енергетска иднина со македонски потпис – Форумот во Бангкок носи нови партнерства“

December 5, 2024
1 min read

Македонија ја зацврстува својата посветеност на правичната енергетска транзиција преку учество на 13-от Меѓународен форум за енергија за одржлив развој што се одржува во Бангкок, Тајланд.

Форумот, организиран од организиран од петте регионални комисии на Обединетите нации, се одвива под темата „Праведна енергетска транзиција“ и собира клучни носители на одлуки, експерти и организации со цел да ја поттикнат глобалната соработка за енергетска одржливост.

Претставник на Министерството за енергетика на оваа значајна конференција е м-р Елена Ивановска, Кабинетски службеник за следење на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија. Ивановска учествуваше на неколку клучни панели, вклучувајќи:

•Сесијата за праведни политики за транзиција, каде што ги истакна македонските напори за обезбедување енергетска пристапност за сите граѓани, со акцент на социјалната одговорност и праведност.
•Дискусијата за глобални зелени инвестиции, каде што претстави можности за инвестирање во обновливи извори на енергија во Македонија, како и нашите планови за зајакнување на енергетската сигурност.

Во своето обраќање, Ивановска порача:
„Учеството на вакви форуми е исклучително важно за Македонија. Оваа платформа ја гледаме како можност да ги истакнеме нашите напори за развој на обновливи извори на енергија и креирање стратегии за енергетска отпорност. Размената на најдобри практики и поврзувањето со експерти од целиот свет ни овозможува да ги зајакнеме нашите капацитети за спроведување на зелени политики и поттикнување економски раст заснован на одржливи принципи.“

Особена благодарност упатуваме до UNDP Македонија за поддршката во овозможувањето на учеството на овој форум, кој отвори можности за нови партнерства и зајакната соработка.

Министерката за енергетика, г-ѓа Сања Божиновска, преку писмо до UNECE (регионална комисија на ООН) која го о организира овој форум, иницираше можност Македонија да биде домаќин на следниот Меѓународен форум за енергија и одржлив развој во 2025 година. Со ова, земјата ќе се позиционира како регионален лидер во зелената транзиција, покажувајќи ја својата посветеност на меѓународна соработка и одржлив енергетски развој.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во Нови Сад приведен покраински пратеник

Следно

„Пријатели на Европа“: Обновен пристап кон регионот Западен Балкан

Latest from Blog

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе
Go toTop