Претежно облачно со локални врнежи од дожд – на планините снег!

December 5, 2024
1 min read

Претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во петок и сабота ќе има услови за појава на магла по котлините и слаб локален дожд. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 km/h).

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Се одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата

Следно

Лефков: Дамева, како и нејзини претходници се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%

Latest from Blog

Венс за преговорите со Иран во Швајцарија: Oчекувам дополнителен напредок во наредните часови

Во екот на повторна ескалација на судирите меѓу Либан и Израел, што доведе до нови ирански закани за спуштање на „рампата“ на Ормускиот теснец – во малиот швајцарски рај – Бургеншток кај

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот
Go toTop