УНИЦЕФ: Од февруари 2022 година секој ден загинуваат по две украински деца

December 4, 2024
1 min read

ХАМИЛТОН (АА) – Најмалку две деца се убиени или повредени секој ден во Украина, соопшти денес Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во однос на влијанието на војната на Русија врз децата, јавува Анадолу.

„ОН потврдија дека најмалку 2.406 деца се убиени или повредени од февруари 2022 година – во просек две деца секој ден“, истакна шефицата на Агенцијата, Кетрин Расел, на седницата на Советот за безбедност за Украина.

Нагласувајќи го ескалирачкиот ефект врз децата, таа посочи: „ОН потврдија за повеќе деца жртви во војната во првите девет месеци од 2024 година отколку во текот на цела 2023 година.“

„Тоа е вистинската цена на војната. Но таа не завршува тука“, рече таа, додавајќи дека речиси 3,6 милиони Украинци се внатрешно раселени, а 6,7 милиони станаа бегалци.

Таа нагласи дека „децата минуваат до шест часа секој ден засолнувајќи се во подруми и други влажни, темни простории, со сирени за воздушен напад, плашејќи се за своите животи“.

Истакнувајќи го уништувањето на клучната инфраструктура, таа соопшти дека „во текот на изминатите 1.000 дена се оштетени или уништени речиси 1.500 образовни институции и повеќе од 660 здравствени установи“.

Расел го опиша психолошкиот ефект врз децата. „Децата се под постојана закана и страв од напади или насилство, губење на најблиските, одвојување на семејствата поради раселување и прекинување на образованието, како и изолација поради долгорочно онлајн учење“, изјави таа. „Последиците од таквата траума може да бидат поразителни и да имаат долготрајно влијание врз менталното здравје на децата.“

Таа, исто така, ги истакна опасностите од нагазните мини во Украина и рече: „Источна Украина веќе беше еден од регионите со најмногу поставени мини во светот дури и пред неодамнешната ескалација, реалност што сега се прошири и на другите делови на земјата.

Повикувајќи на итна акција, Расел рече: „Повторно повикуваме на поддршка од членовите на овој Совет за безбедност, а страните во овој конфликт да преземат итни чекори за заштита на децата зафатени во овој кошмар.“

„Децата зависат од решенијата на овој Совет. Не можеме и не смееме да ги изневериме“, рече таа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перински: Без млади, нема иднина- ни за локалната самоуправа, ни за државата

Следно

Првата дама на Туркије во Анкара ја прими сопругата на јапонскиот престолонаследник

Latest from Blog

Општина Битола: Просторот зад СВР се трансформира во функционален јавен простор

Се уредува просторот зад зградата на СВР Битола, односно парцелата која досега претставуваше неорганизирана земјена површина. Со проектот е предвидено партерно уредување со бехатон плочки на површина од околу 800 квадратни метри.

Божиновска: Младите ја градат свесноста за богатствата на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со ученичките Марија, Јасемин и Ангела од гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, кои стојат зад документарниот филм посветен на македонскиот рубин.

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски со изложбата „Лица“ во КИЦ Белград ја афирмира македонската уметност

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски се претстави пред белградската публика со својата најнова изложба „Лица“, која беше отворена во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Белград. Изложбата претставува значаен културен настан и уште еден пример

ВЛЕН се обединува во единствен политички субјект – почеток на нова политичка ера во Македонија

Коалицијата ВЛЕН влегува во нова фаза на политичко делување со најавата дека ќе функционира како единствен политички субјект, процес што веќе е започнат и постепено се интензивира. Според информациите, целта е да
Go toTop