Индира Кастратовиќ влегува во Куќата на славните на ЕХФ

December 4, 2024
1 min read

Поранешната македонска ракометна репрезентативка Индира Кастратовиќ, доби место во Куќата на славните, како второ ракометно име од Македонија, по Кирил Лазаров.

Влезот во елитното друштво официјално ќе се случи на 14 декември, во пресрет на финалето од Европското првенство за жени на кое учествуваше и Македонија.

Во Куќата на славните ќе влезат 7 ракометарки и 14 ракометари, кои ќе им се приклучат на повеќе од 50 легенди кои беа први примени во јуни минатата година.

Уште две познати имиња кои станаа европски прваци со македонски клубови се најдоа на списокот. Тоа се романската голманка Луминица  Дину, која со Индира се искачија на европскиот тронот во 2002 година, како и Иван Чупиќ.

Од останатите, има уште ред други звучни имиња како Ања Андерсен, Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Игор Вори…

Индира Кастровиќ е синоним за женски ракомет во Македонија, која доминираше со Кометал Ѓорче Петров со 12 титули и 12 Купови и тоа сите по ред во периодот 1995-2006.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Шпанија 4,3 милиони луѓе живеат под прагот на сиромаштија

Следно

Сообраќајот се одвива во зимски услови, појава на магла на планинскиот превој Буково и крак Маврово-Маврови анови

Latest from Blog

Тоневски: Нашите рудари се симбол на трудот, истрајноста и посветеноста

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски,

Русите му веруваат на Путин

Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9

475 луѓе загинаа во поплавите во Непал, над 1.500 се водат за исчезнати

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, додека екипите истовремено работат на расчистување на блокираните патишта во погодените области. Непалската армија објави дека спасила 900 луѓе од најтешко погодените области, вклучувајќи ги областите
Go toTop