Пренџов: Секој што направил нешто спротивно на закон ќе одговара, тоа е демократија и правна држава

December 2, 2024
1 min read

Мене ми е навистина жал што денес не можеме да започнеме било која емисија особено тука на Телма, дека според Блумберг имаме 838 милиони евра странски инвестиции за прв пат во историјата на независна Македонија и за прв пат сме блиску во една година да имаме повеќе од милијарда евра странски инвестиции и тоа треба да биде тема којашто очигледно не е“ , изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов на вечерашното гостување на Телма телевизија во емисијата „Топ тема“.

Пренџов даде осврт на актуелните случувања по однос на славењето на албанското знаме. Имено Пренџов истакна дека 99% од неговите сограѓани Албанци го славеле достоинствено празникот онака како што доликува. Дополнително ја поздрави и експресната исправна реакција на полицијата. Напомена дека секој еден граѓанин на оваа држава мора да го почитува законот.

-Во поглед на актуелните случувања сакам да истакнам дека 99% од луѓето коишто го славеа знамето, нашите сограѓани Албанци тоа го славеа како нормално славење.И она коешто сакам веднаш да го истакнам е тоа дека сакам да ја поздравам полицијата и полицајците за навремената реакција. Затоа што ние во Македонија треба да се научиме дека одговорноста има име и презиме од она коешто и јас го знам се повеќе од 17 луѓе веќе приведени и дека истрагата продолжува и за други случаи. Тоа ќе оди согласност закон како треба, изјави Пренџов.

Пренџов го изрази своето жалење за односот на одредени структури кои се обидувале да добиваат политички поени од случувањата на настанот. Исто така ја поздрави и одлуката на верските заедници и нивната порака за зачувување на мирот.

-Ако ние немавме брзо и ефикасно разрешување со име и презиме на тоа кој што правел таа вечер во Македонија тогаш ќе имаше плодна почва од определени структури почнуваат да генерализираат цели народи. Ја поздравувам денешната одлука на верските заедници. Тоа што се вклучија беше општествено одговорно, категоричен беше Пренџов.

Пренџов беше дециден дека македонското општество е цврсто и етничките разлики нема да може да служат за избегнување на законите и одговорноста. Македонија веќе претставува пример за демократска и правна држава.

-Мислам дека македонското општество излезе многу посилно од тоа што можеби некој што не и мисли добро на Македонија го очекувал. Секој што направил нешто спротивно на закон без разлика на верска етничка било каква припадност ќе одговара тоа е демократија тоа е правна држава, заклучи Пренџов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Во Тирана светнаа четири елки и тркало, плоштадот преполн – во Скопје „мрак“

Следно

Македонските ракометарки поразени од Унгарија на Европското првенство

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop