Очигледно е дека Украина нема да биде последната станица на Путин, порача Зеленски од Минхенската конференција

February 17, 2023
1 min read

Додека Западот преговара за испорака на тенкови во Киев, Кремљ размислува за начини да ја „задави“ поранешната советска република Молдавија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видеообраќање на конференцијата за безбедност во Минхен

Очигледно е дека Украина нема да биде последната станица на инвазијата на Владимир Путин. Додека Западот преговара за испорака на тенкови во Киев, Кремљ размислува за начини да ја „задави“ поранешната советска република Молдавија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видеообраќање на конференцијата за безбедност во Минхен.

Зеленски ги повика западните лидери да не ја одложуваат испораката на оружје за неговата земја која безмалку една година е под инвазија на Руската Федерација.

„Одложувањето отсекогаш било и сè уште е грешка. Очигледно е дека Украина нема да биде неговата последна станица. Тој ќе го продолжи своето движење до крај вклучувајќи ги и сите други земји кои во одреден момент беа дел од советскиот блок“,

рече Зеленски во своето видеообрќање.

На Минхенската безбедносна конференција се очекува да присуствуваат околу 40 шефови на држави и 60 министри. Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот потпретседател Камала Харис се меѓу учесниците на конференцијата.

Шолц, чија влада претходно се соочуваше со критики за бавната испорака на оружје за Украина, денеска ги повика другите европски земји да го забрзаат испраќањето тенкови во Киев, откако Германија вети дека ќе испорача тенкови „леопард 2“.

„Сојузниците кои можат да испорачаат борбени тенкови на Украина треба да го сторат тоа сега“,

изјави германскиот канцелар на Минхенската безбедносна конференција.

Апел за зголемена воена поддршка за Украина упати и францускиот претседател Емануел Макрон.

„Апсолутно мораме да ја интензивираме нашата помош и напорите за да се помогне отпорот на украинскиот народ и неговата армија и да им помогнеме да започнат контраофанзива која сама по себе може да овозможи веродостојни преговори дефинирани од Украина, нејзините власти и нејзиниот народ“,

изјави Макрон на Минхенската безбедносната конференција.

Минхенската конференција се одржува еднаш годишно и е фокусирана на одбраната и дипломатијата, а годинава во фокус ќе биде светското преструктурирање, предизвикано пред сé од воената агресија на Русија врз Украина.

Минхенската безбедносна конференција ќе трае до 19 февруари, а на неа присуствува и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати во Турција и Сирија се искачи на над 45.000 лица

Следно

Американската војска тврди дека убила еден од водачите на ИД во Сирија

Latest from Blog

Проданоски: Децата од Мало Коњари со песна и игра ја разубавија пролетта

Во ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари денеска се одржа настан исполнет со детска смеа, музика, игра и позитивна енергија, на кој присуствуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Под мотото „Со

Болоња официјално му се заблагодари на Италијано, следува промоција во Наполи!?

Винченцо Италијано досегашниот тренер на тимот на Болоња, и официјално си замина од клубот. Поточно, клубот официјално му се заблагодари за соработката по две години минати таму. „ФК Болоња 1909 објавува дека

Полицијата во Цирих потврди: Нападот на железничката станица е терористички чин

Шефот на кантоналната полиција во Цирих, Марио Фер, на прес-конференција изјави дека напаѓачот Несип Деделер (31) имал двојно државјанство – и турско и швајцарско, но и дека се радикализирал и дека уште

МФ: Од 1 јули 2026 година се врши дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија

Денеска на седница на Владата беше усвоен Предлогот за измена на Законот за Царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие
Go toTop