Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме

December 2, 2024
1 min read

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го оцени влијанието на повредите врз резултатите на неговиот тим.

Вчера „граѓаните“ загубија на гостувањето кај Ливерпул (0:2) во 13. коло од Премиер лигата. Манчестер сити го загуби петтиот првенствен натпревар по ред и е без победа во 7 последователни натпревари во сите натпреварувања.

– Немавме претсезонски тренинзи и потоа имавме повреди, но свесни сме за тоа и мора да се справиме со тоа. Се боревме, но не создадовме многу шанси. Како тренер, седам овде и го бранам она што го постигнавме во минатото поради нив [играчите] и повеќе од кога било сакам да ги гушнам и да бидам тука за нив. Мора да ги промениме резултатите и во вистинско време ќе донесеме одлука. Пред натпреварот реков дека не сме во ситуација да размислуваме за нашите цели, но сезоната е долга. Мора да размислуваме за постигнување резултати и кога ќе се вратат некои играчи ќе бидеме подобри и можеби ќе почнеме да си веруваме. Имаме за што да се бориме и ќе се обидеме, изјави Гвардиола.

Манчестер сити по 13 кола е на 5. место во Премиер лигата со 23 бода, 11 помалку од лидерот Ливерпул.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Поранешниот шеф на НАТО, Столтенберг: Украина би можела времено да отстапи територија заради мир

Следно

Универзитетот во Анкара му додели почесен докторат на црногорскиот претседател Милатовиќ

Latest from Blog

Памела Андерсон размислува да го смени презимето: Сакам да се вратам на финските корени

Во разговор за Vogue Scandinavia, 58-годишната актерка се потсети на својата блиска врска со нејзиниот дедо роден во Финска, Херман Хјитијаинен, кој беше „најблиската личност во мојот живот“. „Сакам да бидам Памела

Спречен обид за шверц на 2 тона фалсификат прашок за перење штетен по здравјето на граѓаните

Царински службеници од ЦИ Тетово спречиле обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје. Како што информираат од Царинската управа, станува збор за 2000 кг,
Go toTop