Антикорупциска: Поранешен в.д. медицински директор си ја вработил снаата

December 2, 2024
1 min read

Државната корупција за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница констатираше судир на интереси кај поранешен медицински директор на здравствена установа, бидејќи имал удел во вработувањето на неговата снаа со договор на дело.

На седницата на Антикорупциска беше посочено дека тој за време на извршувањето на функцијата в.д. директор на јавна здравствена установа, не побарал да биде изземен кога се вработувала снаата за син.

– На таков начин, таа била вработена во јавната здравствена установа, а тогашниот в.д. директор се нашол во состојба за судир на интереси и го прекршил Законот за заштита од корупција и судир на интереси. Тој за оваа постапка платил прекршочна глоба, по што бил разрешен од Министерството за здравство, истакнаа од ДКСК на денешната 11. седница.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Регистарските таблички на државните службени возила ќе бидат со црвена боја

Следно

Поранешниот шеф на НАТО, Столтенберг: Украина би можела времено да отстапи територија заради мир

Latest from Blog

ЛШ: Елмас одличен ама Наполи испушти победа, Реал “распука“, Арсенал со “седум од седум“, пораз на ПСЖ

ФОТО: SSC Napoli/FB Вечерва се одиграа уште седум мечеви од 7.коло во Лигата на Шампионите. Секако дека за нас најинтересно беше на “Паркен“ во Копенхаген каде гостуваше Наполи со нашиот Елиф Елмас.

Метро излета од шините во Хамбург

Неколку вагони од метрото во германскиот град Хамбург излетаа од шините вечерва. За среќа, немало патници, а на лице место се протипожарните и полициските екипи, јавува Билд. Несреќата се случила на станицата

Градоначалникот Коњановски на работна средба во ЈП „Нискоградба“

Градоначалникот на Битола денеска беше и во работна посета на ЈП „Нискоградба“ каде оствари средба со директорот Зоран Талевски. На работната средба се разговараше за тековното работење на претпријатието, особено подготвеноста на

Кривичен суд: Куќен притвор и одземена патната исправа за апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое на осомничениот апелацискиот судија Ѓ.Р. му

Градоначалникот Ќура му посака бериќетна година на Петар кој го фати светиот крст во Струга

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денес оствари прием со фаќачот на светиот крст, Петар Чакарески, кој заедно со своите другари ја сподели радоста од големиот христијански празник Водици. Во пријатна и
Go toTop