Прв снег, стари слики: блокирани возила, нерасчистени коловози, а снежните врнежи допрва се засилуваат

December 1, 2024
1 min read

Забрана за сите видови возила е воведена на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка поради наноси од снег. Од Авто Мото сојузот на Македонија информираат дека забраната е воведена од 14:35 часот. 

Претходно, од Центарот за управување со кризи информираа дека на Единствениот број за итни случаи 112 во 13:30 часот е добиена пријава за блокирани возила пред влезот на Попова Шапка на раскрсницата до викендиците. 

– Блокираните возила на Попова Шапка не се како резултат на неисчистени коловози туку се работи за несовесни граѓани кои со летни гуми се упатиле на Попова Шапка. Патот е прооден, моментално две возила го чистат истиот. Проблемите се настанати од луѓето. Возилата со зимски гуми без никакви проблеми се движат по патот. Патрола од ПС Попова Шапка е на местото на настанот. Според дежурниот во ПС Попова Шапка во наредниот период може да се јават и други пријавувачи за истиот проблем бидејќи како ќе одминува времето поголем број на луѓе ќе почнат да се симнуваат од Шапка кон Тетово и да се создаваат поголеми колони од возила, информираа од ЦУК.

Заглавени возила има меѓу хотелот „Радика“ и Бунец на Маврово. Таму, според информациите на ЦУК, заглавени се едно возило од Територијалната противпожарна едница од Гостивар со околу 20 други возила. Се чека поголема машина-фреза од „Македонија пат“ за расчистување на снегот.

Од Јавното сообраќајно претпријатие „Македонија пат“ попладнево информираа дека од 14 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од Управата за хидрометеролошки работи информираат дека врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во текот на денешниот ден. Во западните и јужните делови ќе бидат пообилни каде ќе наврнат над 30 l/m2. На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.

Најмногу снег утринава имаше наврнато во Маврови Анови (61 сантиметар), а снег има и во Крушево, Попова Шапка, Дебар, Претор, Берово и Битола.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Божиновска на средба со вработените од РЕК Осломеј

Следно

Ден на македонскиот јазик и изложбата „Македонска глаголица“ на Трпков во Букурешт

Latest from Blog

По дебатата со кандидатот на Левица, Ѓорѓиевски им се заблагодари на граѓаните за поддршката

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по синоќешната дебата со опонентот од Левица, Амар Мециновиќ, објави порака со благодарност до граѓаните, истакнувајќи дека скопјани бараат човек кој ќе

Орце Ѓорѓиевски со јасна визија: поквалитетен живот преку современ урбан сообраќај

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави серија нови сообраќајни проекти насочени кон подобрување на урбаната мобилност и намалување на аерозагадувањето во главниот град. „Со новите сообраќајни проекти за клучните точки

Трагедија во Турција: Се урна зграда во Истанбул, има заробено луѓе под урнатините

Шесткатна зграда се урна утрово во близина на Истанбул, Турција, а се стравува дека најмалку пет лица се заробени под урнатините. Инцидентот се случил утрово околу 7:30 часот во градот Гебзе во покраината

Владата ја забрзува дигиталната трансформација во енергетскиот сектор

Дигиталната трансформација е главниот спојник меѓу растечката електрификација и целите за декарбонизација. Со паметни мрежи, управување засновано на податоци и киберотпорни платформи, енергетските системи стануваат поефикасни, пофлексибилни и поинклузивни, со помали загуби

Пире од спанаќ

Спанаќот е богат со железо, но содржи и оксална киселина. Оксалната киселина го врзува калциумот и го прави неупотреблив за човечкиот организам. Според неодамнешните истражувања, спанаќот не се препорачува како честа храна
Go toTop