Зеленски: „Жешката фаза“ на украинската војна може да заврши во замена за членство во НАТО

November 30, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека доколку украинската територија под контрола на Киев биде ставена под чадорот на НАТО, може да се постигне договор за прекин на огнот со Русија за да се стави крај на „жешката фаза“ на војната, известува Анадолу.

Зеленски во интервју за Sky News зборуваше за руско-украинската војна и во таа прилика рече дека членството во НАТО треба да им се понуди на неокупираните области на неговата земја за да се стави крај на „жешката фаза“ од војната.

„Доколку сакаме да ја запреме „жешката фаза“ на војната, мораме да ги ставиме украинските територии што се под наша контрола под чадорот на НАТО. Мораме да го направиме тоа брзо, а потоа можеме дипломатски да ја вратиме окупираната територија на Украина“ појасни Зеленски.

Наведувајќи дека прекинот на огнот е потребен за да се осигура дека рускиот претседател Владимир Путин нема да се врати за да преземе повеќе украинска територија, Зеленски истакна дека НАТО треба веднаш да го вклучи делот на Украина што е под контрола на Киев во членството.

Зеленски изјави дека ова и е многу потребно на Украина, во спротивно Путин ќе се врати.

Запрашан како гледа на Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, Зеленски истакна дека со новиот претседател треба да работат на тоа да имаат најголема можна поддршка.

„Сакам да работам директно со него бидејќи различни гласови доаѓаат од луѓето околу него. Затоа не треба да дозволиме никој околу нас да ни ја попречува комуникацијата“, нагласи Зеленски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје, кои беа обвинети по член 319

Следно

ДУИ најави интерпелација за Тошковски

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop