Израел започна воздушни напади јужно од Бејрут по наредбите за брза евакуација

November 25, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Израелски воени авиони денес извршија три воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут набргу откако беа издадени наредби за итна евакуација, јавува Анадолу.

Либанската државна Национална новинска агенција соопшти дека нападите биле насочени кон населбите Харет Хреик и Бир ал-Абед, кои се наоѓаат јужно од Бејрут.

Сѐ уште нема достапни информации за повредени или предизвикана штета.

Воздушните напади се случија набрзо откако израелската армија издаде наредби за итна евакуација за жителите од три згради во Харет Хреик.

Портпаролот на армијата Авичај Адраи објави мапа од погодените згради на својот профил на социјалната мрежа Х, тврдејќи дека во областа има средства и објекти на Хезболах.

Последниве денови израелската армија ги засили нападите врз предградијата на либанската престолнина, за која се вели дека е упориште на Хезболах.

Нападите се случија и покрај извештаите на израелските медиуми дека се очекува да биде објавен договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах во рок од два дена.

Израелскиот јавен сервис КАН, цитирајќи израелски извор, објави дека Нетанјаху се согласил на примирје со Либан поддржан од САД.

Извештајот дојде еден ден откако американскиот претставник Амос Хохштајн во неделата се закани дека ќе се повлече од напорите за посредување со цел да се постигне договор за прекин на огнот меѓу Израел и Либан доколку Тел Авив не го прифати американскиот предлог, според израелските медиуми.

Израел ги засили воздушните напади врз Либан против, како што тврди, локации на Хезболах, што претставува ескалација едногодишната војна против либанската група од почетокот на војната во Газа минатата година.

Според либанските здравствени власти, во израелските напади врз Либан убиени се повеќе од 3.600 луѓе, речиси 15.300 се повредени и над еден милион се раселени од октомври минатата година.

На 1 октомври Израел го прошири конфликтот со започнување копнен напад врз Јужен Либан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

На Клиниката за трауматологија изведени четири операции на р’бетен столб кај деца што биле на листа за упатување во странство

Следно

Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop