ФОТО: По 61 година ООУ „Наум Охридски“ доби училишна сала- решен проблемот на околу 200 деца

November 24, 2024
1 min read

За мене денеска ова претставува посебно задоволство што сум овде во Општина Гази Баба, во ова населено место бидејќи тука започнавме практично и го поставивме камен темелникот пред неколку месеци, а сега можеме да видиме како овој прекрасен објект се пушта во употреба. Децениски проблем, околу 200 дечиња сега своите часови по физичка активност, по физичкото образование нема да морат да ги вршат надвор, туку ќе имаат своја сопствена сала и конечно ќе можат да поминуваат тука со своите наставници, истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој денес беше на отворањето на оваа сала.

-Така што навистина претставува задоволство, му честитам на градоначалникот за посветеноста, на советниците, администрацијата во Општина Гази Баба којашто ја подржува работата на градоначлникот, пратениците во македонското собрание и ценам дека кога вака една хомогенизирана група заедно работи нема како, а да нема резултати.

Задоволството на граѓаните е огромно, а уште позначајно за нас е задоволството на најмладите, на дечињата што добија еден ваков репрезентативен објект со европски услови. Јас би посакал уште многу вакви објекти да никнуваат ширум целата држава. Така што уште еднаш честитам и нека ни се множат уште вакви објекти, заврши Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Камата од 1,95% за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит

Следно

Украина тврди дека синоќа соборила 50 руски дронови

Latest from Blog

Шкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!

ФОТО:facebook.com/scotlandnationalteam Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на

ВИДЕО | НОВА КРВАВА НОЌ НА РУСКО ТЛО – Украински ракети ја погодија Белоградската област, шестмина загинаа

Украински ракети синоќа ја погодија руската Белгородска област, при што загинаа шест лица, а четворица се повредени. Меѓу повредените е и 14-годишно дете, соопшти вршителот на должноста гувернер, Александар Шуваев. Нападот уследи

Божиновска: Македонија се поврзува со нови извори на гас преку Грција и Србија

Приклучувањето на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор претставува значајна стратешка можност за земјата да ја зајакне својата позиција на европската енергетска карта и да стане важна алка во регионалната и европската гасна
Go toTop