Палестинците во Газа во редици чекаат за оброк

November 22, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројни Палестинци, меѓу кои и голем број деца, се борат со гладта поради ембаргото што Израел го воведе во Појасот Газа и секојдневно стојат во ред за храна што ја дистрибуираат хуманитарните организации, известува Анадолу.

Додека израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмалено темпо, во Хан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа, луѓето секој ден чекаат да го добијат оброкот што за нив значи живот.

Често се случува луѓето кои живеат во очајни и нехумани услови да се туркаат во редови за да дојдат до храна.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш предупреди на неподносливата глад што им се заканува на луѓето во палестинската енклава.

„Масовното раселување и ограничената испорака на хуманитарна помош значат дека луѓето во Газа се соочуваат со катастрофално ниво на глад“, рече Гутереш.

Јужноафриканската Република го обвини Израел дека ја користи гладта ​​како оружје на војната, со цел депопулација на Појасот Газа преку масовни убиства и принудно раселување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кина го укинува визниот режим за граѓаните на девет земји, меѓу кои и Македонија

Следно

Мицкоски: Количините кои ги доби ЈСП ќе бидат доволни за 10 дена, 2 недели, но нема трајно да го решат проблемот!

Latest from Blog

Силен филмски бран во македонската кинематографија: Се снимаат три долгометражни филмови поддржани од Агенцијата за филм

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија информира дека во моментов се снимаат три долгометражни играни филмови, сите финансиски поддржани од државата, кои ветуваат нови квалитетни и возбудливи приказни на големото платно.

СО ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ ПРИМАДОНАТА ЃИНОВСКА-ИЛКОВА ЌЕ НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛ ВО РИМ

Оперската примадона Весна Ѓиновска-Илкова на 24 јули со дела од македонски композитори ќе настапи во Рим, на музичкиот фестивал на народите Римски ноќи, во театарот „Марчело“. Ѓиновска-Илкова, во Рим гостува со пијанистката

СДСМ: Очекувавме од еврокомесарката Кос да биде повнимателна во изјавите за идентитетски прашања

„Очекувавме еврокомесарката Кос да го истакне она што ЕУ самата го има потврдено во сите документи и сите договори, а тоа е дека македонскиот јазик и идентите се целосно признати од Унијата.

“Никогаш повеќе нема да го посетам ова место во Грција” – туристка шокирана од цените на лежалките во овој дел на Грција

Во Грција во летниот период е активно здружението на граѓани MyCoast , кои се залагаат и се борат за остварување на правото на слободен пристап до морскиот брег. Здружението е посветено на
Go toTop