Меџити до Груби: Објавувањето на снимката со Ахмети е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ, ДУИ мора да се ослободи од неспособните

January 9, 2023
1 min read

Видеото на кое Ахмети пее, дел од албанските медиуми го протолкуваа како негов одговор на „огнената група“ од партијата чии членови ден претходно од Студеничани му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“.

Меџити: Ние сме со Али Ахмети, но претседателе, не го гори јорганот за една болва

Снимањето на Али Ахмети како пее и потоа објавување на истата снимка за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем, е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ, реагира Изет Меџити од ДУИ, од таканаречената огнена група, откако вчера во јавноста беше објавено видео на кое првиот интегративец пее во својата канцеларија.

Ваквото видео, дел од албанските медиуми го протолкуваа како одговор на Ахмети на „огнената група“ од партијата чии членови ден претходно од Студеничани му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“.

„Снимањето на Али Ахмети како пее и потоа објавување на истата снимка за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем, е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ. Снимањето на Али Ахмети и зачувувањето на овие видеа за користење кога ви одговара е неточно и се чини дека тоа не се случува првпат. ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и неспособните!“, пишува Меџити упатувајќу му очигледно порака на Груби, имајќи предвид дека споделува и принтскрин од објава на Артан Груби.

„Огнената група“ завчера во Студеничани ја одржа првата од низата средби што ги најавија со граѓани и членови на партијата.

Ахмети удри на песна: „Изгуби го чуварот, изгуби го семето, ајде да тргнеме понапред од злото“

Од собирот повторија дека се непоколебливи во поддршката кон нивниот лидер Али Ахмети, но и му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нормализирана пловидбата низ Суецкиот канал

Следно

Дачиќ: Србија и Хрватска мора да се договорат за прашањата на сегашноста и иднината

Latest from Blog

Тинејџер сексуално ја злоставувал и потоа ја убил својата полусестра на крстарење- му се заканува доживотна робија

Министерството за правда на САД тврди дека тинејџерот „сексуално ја нападнал и намерно ја убил“ Ана Кепнер додека бродот „Карнивал Хорајзон“ бил во меѓународни води, пишува BBC News. Полубратот, чиј идентитет не

Аларм од Блок 70: има неподнослива смрдеа на запалена пластика, сведочат граѓаните

Жителите од Блок 70 вечерва се соочуваат со неподнослива смрдеа“ која се шири низ целиот реон. Според сведоштвата на граѓаните, мирисот е специфичен на запалена пластика и е толку силен што предизвикува

ЛШ: Европскиот првак со втора победа до полуфинале, Барса не успеа на „Метрополитано“ (ВИДЕО)

Европскиот шампион ПСЖ го потврди својот пат во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва на гостувањето кај Ливерпул обезбеди нова победа со идентичен резултат како и на првиот меч – 0:2.
Go toTop