Димитриеска Кочоска: Јавниот долг согласно последните пресметки на крајот на годинава ќе биде 62,7 проценти

November 22, 2024
1 min read

Висината на јавниот долг, согласно последните пресметки велат дека на крајот на 2024 година ќе биде 62,7 проценти од БДП, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Јавниот долг, нагласи Димитриеска Кочоска во многу голема мера зависи од тоа колку останатите институции, акционерски друштва и т.н. ќе повлечат од веќе договорени кредити.

-Ако не ги повлечат, може нема да биде ниту 62,7 проценти. Тоа е проекција на Министерството за финансии, под претпоставка дека реализацијата на кредитите ќе оди така како што е договорено, изјави Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на настанот „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“, во организација на Фискалниот Совет на Република Северна Македонија и Finance Think.

Прашана што ќе направи Министерството за финансии околу висината на јавниот долг, Димитриеска Кочоска, рече дека веќе работат најпрво на тоа да се види колкави се обврските од сите институции.

-Имаше заклучок од Влада, секоја од институциите, по заклучок од Влада, треба да достави информација колкави се обврските. Таму каде што имаме неусогласености, ги враќаме повторно кај институциите да ги усогласат и пријават обврските. Во меѓувреме како министер за финансии формирав неколку вонредни ревизии во одредени институции, кои што треба да ни потврдат, како внатрешна ревизија, дека навистина обврските кои што ги пријавуваат се такви, затоа што несоодветствуваат со коментарите кои што ги даваат вработените таму. Значи ревизорите ќе го констатираат тоа, изјави Димитриеска Кочоска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гаши: На сите Албанци насекаде низ светот, честит 22-ри ноември

Следно

Со јавен долг од 62,7 проценти од БДП, Северна Македонија останува високо задолжена земја

Latest from Blog

Реал го краде Диоманде: Перез понудил 120 милиони евра за крилото на РБ Лајпциг!?

фото: Ben Jacobs @JacobsBen (X) Реал Мадрид најверојатно ќе го претрка европскиот шампион ПСЖ во трката за потписот на крилниот напаѓач на РБ Лајпциг, Јан Диоманде (19), објави „Фут Меркато“. „Кралевите“ наводно

Трамп се врати на бината и ги исмеа новинарите: Да не бев јас, ќе немаше за што да известувате (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп на одложената вечера на Здружението на дописници од Белата куќа упати остри критики кон медиумите, но дел од говорот го искористи и за шеги и помирувачки пораки. Церемонијата,

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со забрзана динамика

Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика, а фокусот во моментов е ставен на најкомплексниот дел од трасата. Интензивно се градат галериите, кои се оценети како најдобро решение

Љатифи: Со интерконекцијата кон Албанија ја зајакнуваме енергетската сигурност на државата

Интерконекцијата со Албанија станува реалност, порача директорот на АД МЕПСО, Бурим Љатифи, по денешниот увид во градежните работи на стратешкиот проект за поврзување на енергетските системи на двете земји. Заедно со тимот

Македонија далеку под европскиот просек – еве колку годишно се троши за енергија

Според најновата анализа на Visual Capitalist, изработена врз основа на податоци од Меѓународната агенција за енергија (IEA), Македонија се наоѓа во долниот дел од листата на земји според годишните трошоци за енергија
Go toTop