Зибери го критикуваше недостатокот на инспектори за животна средина во општините

November 20, 2024
1 min read

До канцеларијата на Народниот правобранител стигнале 20 претставки за загадениот воздух, како дел од вкупно четириесетина жалби за животната средина до октомври. Половина од нив се однесуваат на квалитетот на воздухот, додека останатите се за други еколошки проблеми.

Ова го соопшти народниот правобранител Насер Зибери, кој го отвори Меѓународниот форум за „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина“, организиран во рамките на проектот „Зголемување на улогата на Народниот правобранител во еколошката правда“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Норвешка и спроведуван во соработка со УНДП.

Зибери нагласи дека загадувањето има трајни последици на здравјето и животната средина, поврзувајќи го со зголемената смртност и зачестените природни катастрофи како поплави и урагани. Тој истакна дека најголемите загадувачи во светот не го потпишале договорот за климатски промени.

„Скопје, Тетово, Струмица и Кочани се меѓу најзагадените градови во светот“, рече Зибери, потсетувајќи на истражувањето на УНИЦЕФ кое покажува дека секое десетто новородено дете во земјата умира како последица на загадената животна средина.

Народниот правобранител го критикуваше недостатокот на инспектори за животна средина во општините и повика на усвојување на нов закон за заштита на животната средина, бидејќи актуелниот закон од 2006 година не е прилагоден на современите еколошки предизвици.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, изјави дека државата се фокусира на решавањето на причините за загадувањето преку проекти за гасификација и намалување на зависноста од јаглен. Ова ќе биде долгорочно решение за намалување на загадувањето во урбаните средини.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Од утре повремени врнежи од дожд и снег на планините

Следно

НА ИЗЛОЖБАТА „ЌЕ МЕ (С)НЕМА“ ФОТОГРАФКАТА КЕТИ ТАЛЕВСКА-БАКРЕВСКА ГО ПРИКАЖА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Latest from Blog

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во
Go toTop