Попов: Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина

November 20, 2024
1 min read

-Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина и просторно планирање. Наместо декларативна борба против загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ вложува вистински напори против оваа негативна појава!, изјави Сергеј Попов, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во потпрограмата 2, наменета токму за заштита на животната средина, предвидено е зголемување за 116%. Во ставката „унапредување на животната средина“, предвидено е зголемување за 30%.

Покрај владата и министерствата, ќе овозможиме и општините да се борат против загадувањето, преку ставката за капитални дотации, која е зголемена за повеќе од 250%.

Во денари, тоа се 2,2 милијарди денари повеќе во споредба со лани, предвидени за капиталните проекти на Министерството за животна средина, односно 90% повеќе. Највисоки средства се вложуваат во капитални проекти наменети за други градежни објекти, во вкупна вредност од 3,6 милијарди денари, зголемување за 71,5%.

Додека пак општините за капиталните расходи добиваат 641 милиони денари повеќе, односно цели 267%, споредбено со 2024та“ потенцира Попов.

-Ова е јасен индикатор дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозни напори да дишеме чист воздух, во чиста животна средина, а со тоа, Македонија заеднички да ја направиме поубаво место за живеење, изјави Попов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утешна функција за Бугарката Габриел

Следно

Од утре повремени врнежи од дожд и снег на планините

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop