Потпишано Партнерство за безбедност и одбрана со Европската унија

November 19, 2024
1 min read

Оваа нова политичка рамка за дијалог и соработка во областа на безбедноста и одбраната ја потпишаа Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ, во име на Европската унија и Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во име на Република Македонија, соопштија од МНР.

Неоправданата и неиспровоцирана војна на агресија на Русија против Украина ја истакна суштинската потреба за единство и солидарност во самата Европската унија, така и меѓу нејзините најблиски партнери, што дополнително ја нагласи важноста на зајакнатото Партнерство за безбедност и одбрана меѓу Европската унија и Република Македонија. Македонија е важен и вреден партнер за Европската унија во областа на мирот, безбедноста и одбраната, како и активен учесник во својство на трета земја во Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската унија (ЗБОП). Потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана е одраз на одличната и континуираната соработка меѓу Европска унија и Македонија и е клучен чекор кон потесна соработка за широк спектар безбедносни прашања, а во полза на граѓаните на Европската унија и Македонија, претставувајќи исто така и важен елемент на напорите на Македонија за интеграција во Европската унија. Новиот инструмент, меѓу останатите области, ги опфаќа областите на соработка за управување со кризи, поддршка за Украина, спречување на хибридни закани, сајбер прашања, градење капацитети и обуки, борба против тероризам и надворешни аспекти на интегрираното управување со границите, истакнуваат од министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Областите утврдени во Партнерството за безбедност и одбрана редовно ќе се разгледуваат, при што ќе се прави преглед на напредокот и ќе се даде поттик за натамошно јакнење на соработката, додаваат од МНР.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски патува во Белград, учеството во „Отворен Балкан“ продолжува

Следно

ВИДЕО: Надал емотивен: Се расплака, па го загуби можеби последниот меч во кариерата

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop