Почна протестот во Нови Сад за трагедијата на железничката станица

November 17, 2024
1 min read

Со пароли на кои пишува: „Мене ми се живее“, „Затвор, а не странска амбасада“ и „Кога е премногу?, граѓаните на Нови Сад протестираа за загинатите 14 лица во несреќата на Железничката станица. Со протестот кој почна точно напладне се бара одговорност за трагедијата која се случи на 1 ноември.

За време на протестот, организиран од младински активистички организации, до 18 часот ќе биде блокиран преминот кај Железничката станица, во Нови Сад.

Несреќата на Железничката станица во Нови Сад се случи откако зградата беше официјално отворена во јули 2024 година по тригодишна реконструкција.

Во јавно достапните документи на државните институции во Србија не може да се пронајде дека железничката станица има употребна дозвола, која согласно законот се издава откако ќе се изврши технички преглед и ќе се утврди дека објектот е безбеден за употреба, пренесоа српските медиуми.

Поради притисок од јавноста, министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ си поднесе оставка на 4 ноември, изјавувајќи дека поднесува „оставка поради морална одговорност, но дека не ја прифаќа вината за трагедијата“.

Дел од јавноста повеќе од две недели бара одговорните да бидат кривично гонети.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на 13 ноември соопшти дека испрашало 66 лица, а наредено е тој ден да бидат сослушани уште пет.

Од Обвинителството изјавија дека во тек е градежното вештачење и анализа на примероци од градежните остатоци од урнатата настрешница.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Кредитот ќе се враќа до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата

Следно

СО АМЕРИКАНСКИ ПАРИ ВО СТОБИ СЕ ВРШИ КОНЗЕРВАЦИЈА СО ЛОКАЛНИ МАТЕРИЈАЛИ, ИСТО КАКО КОГА БИЛЕ ГРАДЕНИ ОБЈЕКТИТЕ

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop