Не се жени, туку јајчарки?

February 16, 2023
1 min read

И не се само жените, туку проблематични се и мажите кои по нивна препорака би требало да се нарекуваат „спермо-производители“, или пак двата пола да бидат заменети со „XY индивидуа“ и „XX индивидуа“.

Новите зборови се собираат како дел од ЕЕБ јазичниот проект (Ecology and Evolutionary Biology), кој е соработка меѓу научници од САД и Канада кои тврдат дека дел од терминологијата не е инклузивна и може да штети. Според нив измените се неопходни како би се избегнало „нагласување на хетеро-нормативните гледишта“, а по оваа основа проблематични се и зборови како мајка, татко, примитивни, напредни, вонземјани, инвазивни, ненативни и раса.

Под истата секира падна и еден од најпознатите концепти на сите времиња „преживување на најспособните“ бидејќи тој дискриминира против луѓе со инвалидитет и е поврзан со евгеника.

Од научна перспектива критиката, меѓу другото, е и дека ваквото неповикано напуштање на традиционалните термини чисто за атер на инклузивноста ќе и наштети на науката по основа на немање прецизност и создавање конфузија.

„Мислам дека кога термини како машко/женско, мајка/татко ги карактеризираш како штетни тогаш ја заменуваш науката со идеолошки ставови.

Без разлика на намерата, проектот за одново инженирање на јазикот ќе предизвика конфузија кај многумина, а последно нешто што им е потребно на научниците е немање јасност околу значењето на зборовите што ги користат,“ порачува експертот за едукација од Универзитетот во Кент, професор Френк Фуреди.

ЕЕБ проектот со работа започна месецов во журналот Трендови во екологијата и еволуцијата, со цел да направи список на проблематични зборови кои од научниците се идентификувани како штетни и да предложи нивна алтернатива.

Во својата досегашна работа, тие го прогласија терминот „граѓанска наука“ за „штетен за не-граѓаните“ кои може да се чувствуваат исклучени заради него, па предлагаат тој да се замени со „партиципирачка наука или заедничка наука“.

Термините „инвазивни“ или „не-нативни видови“ се сметаат за „ксенофобни, анти-имигрантски и милитаристички,“ и треба да се заменат со „новопристигнати“ или „неугодни видови“.

Од ЕЕБ за сега не планираат на никого да му го наметнуваат својот речник но им порачуваат на останатите научници дека „промената на терминологијата е нешто што секој поединечен научник може да го направи за да ја подобри инклузивноста на индивидуално ниво.“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Темелите се поставени само треба да се продолжи со работа, вели Дарко Јан Спасов, кој поднесе оставка на функцијата директор на Театар Комедија

Следно

Стразбур не се изјасни за помилувањата од Иванов, туку смета дека жалбите на таа основа биле преуранети

Latest from Blog

Ѓорѓиевски почна голема акција: Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање! (ВИДЕО)

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно

Проданоски: Традицијата на Св. Никола е темел на духовноста во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод големиот христијански празник Свети Николај Чудотворец – патрон и заштитник на градот, истакнувајќи дека овој ден има особено значење за сите прилепчани. Тој

Ким Кардашијан има 50 елки во вилата: „Изгледа како магацин“

45-годишната ријалити ѕвезда сподели видео од импресивната глетка на својот Инстаграм. Огромните елки, покриени со вештачки снег и украсени со илјадници бели светла, го исполнија пространиот влез и дневната соба. „Ова е

Ристовски за МИА: Создаваме европски стандарди во спортот, а не привремени резултати

Министерството за спорт не може да креира успеси во спортот. Успесите ги креираат федерациите, клубовите, тренерите. Ние сме тука да направиме услови што е можно подобри за тие луѓе да можат да

7 ретки особини на личноста поради кои луѓето потајно се заљубуваат во вас

Постојат луѓе кои имаат некаква тивка, речиси незабележлива привлечност. Тие не се најгласни во просторијата. Не се наметнуваат. Немаат потреба по секоја цена да остават впечаток. И сепак, нешто кај нив ги
Go toTop