Филипче: Храброста на нашите борци од НОБ е темелот на слободата што ја живееме

November 13, 2024
1 min read

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитика до граѓаните по повод Денот на ослободувањето на Скопје. Филипче во честитката порача дека исто како пред 80 години кога нашите предци храбро и одлучно се изборија за слободата, така и денес сите имаме обврска да го продолжиме нивниот аманет, да ја зачуваме слободата и да градиме слободно и демократско општество.

-Денес оддаваме почит на храброста и истрајноста на хероите од Народноослободителната борба, кои се заслужни за слободата што ја живееме. На 13 ноември 1944 година, улиците на Скопје беа ослободени од фашистичкиот окупатор, а градот го доби симболот на отпор и надеж. Во време на економски и политички предизвици, треба да се сеќаваме и да не води храброста и одлучноста на нашите предци. Тие не се откажаа, се бореа за слобода, правда и еднаквост. После осум децении, ние потомците на НОБ ја имаме истата цел, да се избориме за слободно и демократско општество, за Скопје какво што го заслужуваат граѓаните, за град кој ќе се развива како европска и културно напредна метропола. Слава им на хероите, нека е честит и вековит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судија блокираше закон со кој се бара Десетте Божји заповеди да бидат поставени во училниците во Луизијана

Следно

Двајца од повредените во Нови Сад се свесни, но се во тешка состојба

Latest from Blog

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни – Сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

По снежните врнежи што ја зафатија Битола во текот на денешниот ден, сите улици во градот се целосно проодни, а сообраќајот се одвива непречено, информира градоначалникот Тони Коњановски преку социјалните мрежи. Во

Кој е ликот со прекар ПОКРОВИТЕЛ – ШЕФ НА БАЛКАНСКИОТ НАРКО КЛАН?

На Youtube каналот „Amazing Europe“ можете да видите листа од десет земји со најголемо присуство на мафијата и организираниот криминал. Иако Италија е генерално првата асоцијација со мафијата, истражувањата покажаа дека Турција

Голем пресврт: Трамп се откажа од царините за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да воведува царини поврзани со Гренланд, по, како што кажа, „многу продуктивниот состанок“ со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Во објава на неговата платформа
Go toTop