Почина Јанис Бутарис поранешниот градоначалник на Солун, имаше потекло од Крушево

November 9, 2024
1 min read

Поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, почина на 82-годишна возраст.

Тој беше 60-ти градоначалник на општината Солун, на функцијата од 1 јануари 2011 година до 31 август 2019 година, откако победи на два последователни општински избори, додека од 2018 година одлучи да не се кандидира како на следните општински избори.

Неодамна Бутарис имаше здравствени проблеми.

Роден на 13 јуни 1942 година во Солун, бил бизнисмен, политичар, енолог и дипломиран хемија, додека од јануари бил општински советник на Солун во фракцијата на Спирос Пегас.

Бутарис пред 11 години првпат како градоначалник дојде во официјална посета на Македонија и во разговор за сега згаснатиот весник „Вест“, тогаш рече дека неговите врски со Македонија се сентиментални, не само поради потеклото на мајка му и неговиот дедо по татко кои потекнуваат од Крушево, туку и поради многубројните пријатели.

„Врските со семејството во Крушево со време се изгубени, но јас трипати бев да ги посетам. Ја видов и куќата на мојот дедо. Бев многу горд. Тоа се моите корени“, рече тој.

Бутарис е син на винарот Стелиос Бутарис и Фани Влахос, Влаинка од семејството Ничота од Крушево. Дипломирал хемија на Универзитетот Аристотел во Солун, а магистрирал енологија на Институтот за вино во Атина. Речиси 30 години работел во семејната винарија „Бутари“, а во 1998 ја формира сопствена та винарија „Кир-Јани“.

При посетатата на Македонија во декември, 2013 со љубов зборуваше за убавините на Крушево и за успехот на луѓето од градот.

„Годинава учествував на прогласување на најдобар студент од Американскиот колеџ во Солун. Не знаев дека тоа ќе биде студентка од Крушево. Бев многу горд на нејзиниот успех“, рече тој.

Тој рече дека никогаш не крие дека неговите родители се Власи, но жали што не го зборува јазикот на неговите предци. Тој со иста страст зборуваше и за пријателите во Македонија, успешни бизнисмени, како што е Штерјо Наков, кого го знае уште од 1991.

Бутарис тогаш рече дека себеси не се смета за политичар туку само за градоначалник

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ДОАЃА ЗИМАТА: Од утре паѓаат температурите, најави за првиот снег

Следно

Променливо облачно и постудено време со сончеви периоди

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop