По речиси тригодишен застој пуштен во функција хидросистемот Ѓавато

November 9, 2024
1 min read

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија Миле Цеков денес, го пуштија во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро.

Имено, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, неодамна Владата ја усвои информацијата за ставање во функција на овој хидросистем и после речиси три години застој во работата, водите на Дојранскот Езеро повторно ќе се надополнуваат од бунарите од Ѓавато.

„Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се залагаат да се изнајде решение за финансиските средства, за во блиска идина да се реконструира целосно овој хидросистем“ изјави Меџити нагласувајќи дека за повторно функционирање на хидросистемот е потребна реконструкција на самиот цевковод и набавка на неколку нови потопни пумпи.

Пратеникот Миле Цеков изјави дека претходната Влада и сегашната општинската власт скоро 3 години не нашле решение за овој проблем, за кој новата Влада најде решение за помалку од половина година.
‘Благодарност до министерот Изет Меџити што поднесе предлог одлука до Владата, за решавање на овој наследен предизвик кој не беше решен скоро 3 години’, изјави Цеков.

На Бунарско подрачје Ѓавато моментално има технички исправни три потопни пумпи – пумпите 3, 7 и 8 кои се ставија во функција, а за останатите е потребна реконструкција.

Поради неработењето на хидросистемот во изминатиот период, нивото на водостојот на Дојранското Езеро е 76 сантиметри под дозволениот минимум и доколку продолжи ваквиот тренд нивото може и дополнително да се намали со оглед дека и хидролошка состојба е неповолна.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Тетово блокиран каналот за наводнување на земјиштето: Земјоделците револтирани потестираат, Касами ветува решение

Следно

НИКОГАШ ДОСЕГА: Гвардиола со четири порази во низа

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop