Тошковски во офанзива против трулите јаболка во полицијата – Според Ѓурчески, Спасовски ја претворил внатрешна контрола во монструм сектор

November 9, 2024
1 min read

На трулите јаболка, како што ги нарече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во системот на МВР, им се поднесуваат кривични пријави согласно доказите од истрагите кои се водат во Министерството.

Тошковски, во гостување во Алфа телевизија, истакна дека Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството, е еден од секторите кои макотрпно работат и даваат одлични резултати споредено со претходно.

-Полека полека се шири перцепцијата дека не може да се злоупотребува значката и полициските овластувања и тоа е добро. Значи се движиме во правилна насока од тој аспект, изјави Тошковски.

Во изјава за Курир, експертот за криминалистика и поранешен началник во МВР Љубомир Ѓурчески, ги анализираше состојбите во Секторот и последните спроведени акции, во кои од другата страна на законите се најдоа и поранешни полициски службеници.

Смета дека корупцијата во изминатите седум години го разградила МВР, а криминалци биле поставувани на функции.

-Во 2017 година Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди се претвори во монструм сектор. Имаше постојан притисок врз полициските службеници. Криминалците се жалеа, огромен број на пријави, полицајците се плашеа. Спасовски го направи СВКПС плашило кон полициските службеници да не применуваат овластувања согласно законот, вели Ѓурчески.

Потсетува и на случајот со „пајакот“ и полициската службеничка, додавајќи дека тогаш СВКПС наместо да ја заштити полицајката, го ослободи криминалецот. Екс началникот вели дека политиката во никој случај не треба да се става над законите.

Ѓурчески го повтори неговиот став дека Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди треба да се расформира, да се постави цивилна контрола врз силата, да се вклучат и граѓаните, новинарите. По однос на МВР, нагласува дека потребни се и суштински реформи, како и поставување на соодветно обучени кадри со соодветно образование и стручност. Верува дека новиот министер ќе работи кон подобрување на состојбите во министерството.

-Очекувам реално да ја вратат професионализацијата во МВР и довербата на граѓаните во институцијата. Дојдено е време, мора нешто да се прави, да се подобрат состојбите. Вака не оди веќе, ако сакаме да бидеме држава, вели тој.

Ѓурчески очекува дека истрагите ќе продолжат во иднина. Смета дека во моментот, истражните органи работат внимателно, а министерот во јавните настапи ја штити истрагата.

Поранешниот началник напомена и дека важна улога во овие случаи има и обвинителството, а институцијата треба да покаже дека не е неефикасна како во минатото.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЈЗ: Три нови случаи на голема кашлица во Македонија

Следно

Скопје на седмо место по загаденост во светот

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Дигитализацијата и ИТ безбедноста клучни за економски раст

Дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста се клучни столбови и приоритети на економска и фискална политика на државата, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во своето воведно обраќање на денешната конференцијата на

Приведени седум мажи во Сиднеј: Се упатиле кон блажата на која пред некој ден имаше терористички напад

Драматични сцени се одвиваа во југозападниот дел на Сиднеј по апсењето на седум мажи за кои се верува дека тргнале кон познатата плажа Бонди. Акцијата ја спроведе антитерористичката полиција, а снимките од

Димовски ги претстави можностите за инвестирање пред менаџментот на Philips

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски заедно со владина делегација го посети центарот за иновации на Philips – „Best Campus“, во Ајндховен, Холандија, каде беа презентирани инвестициските можности кои ги нуди Македонија и

Битола повторно центар на зимската магија во Македонија

Прочитајте ги секојдневните програмски содржини на фотографиите или разгледајте ја Програмата на „Зимска приказна“ на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/zimska-prikazna-25-26/ Од 20 декември до 5 јануари, не пропуштајте да бидете дел од „Зимска приказна“.
Go toTop