Нема договорено средба Мицкоски – Радев во Будимпешта

November 6, 2024
1 min read

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема договорено средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, што се одржува утре.

-Не, но подготвен сум да разговарам со секого, секаде врз основа на вистински договор што ќе не однесе до целта, е на да го направиме само првиот чекор, рече Мицкоски денеска кој беше на средба со претставници на Масит.

Премиерот, одговарајќи на новинарско прашање за Кривичниот законик и забелешките на ЕК, рече дека тој ќе биде опфатен со реформите во правосудниот систем, но вели дека тоа не го решава проблемот со „криминалците“ од изминатите седум години. Тие, вели Мицкоски, не успеале за се да се амнестираат, најавувајќи дека деновиве јавноста ќе слушне.

За жал, додаде премиерот, политичките криминалци во изминативе години кои седум дена ги заробија институциите, а во меѓувреме купуваа трговски центри и дуќани во центарот на главниот град, ја распродаваа државата и правеа грешки.

-Ние такви грешки нема да правиме, и ние кога ќе седнеме на маса ќе преговараме до крајно решение, не само еден чакор да направиме. Не сакаме вас граѓаните да ве држиме како заложници, рече Мицкоски.

Во однос на Кривичниот законик и тргањето на спорните членови, премиерот вели дека политичките криминалци го направиле за себе за да се заштита. – Сега најригорозен, гиљотина да донесеме тие ќе се повикаат на овој што ќе ги амнестира, бидејќи тие однесоа стотици милиони ваши пари, народни пари, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски по средба со МАСИТ Комората: Инвестираме во ИТ секторот бидејќи е важен за развој на економијата и државата

Следно

Меџити тврди дека најмногу зелени работни места се отвориле при доградби на згради и пасивни куќи

Latest from Blog

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи
Go toTop