ЕСМ повторно купи струја за 6 милиони евра, ќе добијат ли граѓаните повисоки сметки?

October 30, 2024
1 min read

ЕСМ склучи договор за набавка на струја вреден речиси 6 милиони евра, кој ќе обезбеди над 44 гигават-часови електрична енергија за потребите во наредните две недели. Средствата се исплатени на компанијата ГЕНИ Продажба на Енергија ДООЕЛ.

Во соопштението на ЕСМ се појаснува дека набавката е со цел да се обезбедат потребните количества за ЕВН Хоум, да се покријат загубите во електродистрибуцијата и МЕПСО, како и да се зачува хидропотенцијалот, кој е на загрижувачки ниско ниво од 19 проценти, далеку под просекот за овој период.

И покрај најавите од министерката за енергетика, Божиновска, за продолжување на периодот на набавките, ЕСМ и натаму купува електрична енергија на двонеделна основа. Моментално работи само РЕК Битола со два блока, а третиот ќе се вклучува по потреба.

Проблемите со работењето на ЕСМ продолжуваат, а во буџетот не се предвидени средства за електрани, што ја принуди компанијата да се задолжи со над 80 милиони евра кај домашните банки.

Во меѓувреме, се очекува и нова цена на струјата. Некои енергетски компании предложија зголемување на услугите до 80 проценти, но крајната цена за домаќинствата ќе зависи од тоа по која цена ЕСМ ќе ја продава струјата на ЕВН Хоум. Во моментов, цената е 60 евра по мегават-час, а премиерот Мицкоски неодамна изјави дека не очекува зголемување на цените од јануари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перински: Децентрализација на власта останува најважен принцип

Следно

Филипче го назначи Галетановски за нов претседател на градската организација на СДСМ Скопје

Latest from Blog

Една камера со АИ казни 1.000 возачи за 4 дена – би можела да генерира казни до 750.000 евра за само 3 дена

Вештачката интелигенција сè повеќе презема улоги што некогаш беа резервирани исклучиво за луѓето, а контролата на сообраќајот е еден од најновите примери. Во Грција, властите започнаа пилот-проект со камери со вештачка интелигенција

Единсон Кавани стави крај на кариерата: Ги остварив соништата кои изгледаа невозможни

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани официјално го објави крајот на својата професионална фудбалска кариера на 38-годишна возраст. Тој ја објави својата одлука во проштална порака објавена на социјалните мрежи. Во неа, тој изрази

ФФМ: Истражување за јавна перцепција 2025 – висока доверба, стабилно раководство и јасна поддршка од јавноста

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ ги објавува резултатите од Аналитичкиот извештај за јавна перцепција 2025, изработен врз основа на независно истражување на јавното мислење, кое не е нарачано од ФФМ, а е

Зимска приказна во Битола со концерти и настани на повеќе локации

Битола и овој понеделник, 29 декември, нуди разновидна празнична програма во рамки на „Зимска приказна“, со настани на повеќе локации низ градот, наменети за сите генерации. Дневната програма на Старата чаршија започнува
Go toTop