САД потврдија дека 20 деца се убиени во израелски воздушен напад на северот на Газа

October 30, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот Стејт департмент ја потврди веста дека Израел убил „околу 20 деца“ во воздушен напад врз северниот дел на Газа, известува Анадолу.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, на дневниот брифинг одговараше на прашања за случувањата на Блискиот Исток.

Милер истакна дека американската администрација е „длабоко загрижена“ поради убиството на најмалку 100 палестински цивили во нападот на израелската Армија врз областа Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа.

„Ова беше ужасен инцидент кој доведе до страшни последици. Не можам точно да кажам колкав е вкупниот број мртви, но убиени се дваесетина деца. Несомнено, меѓу нив има и многу деца кои бегаа од последиците на оваа војна повеќе од една година“, рече Милер.

Неговите изјави уследија откако Министерството за здравство во Газа соопшти дека повеќе од 100 Палестинци се убиени, а десетици се повредени во израелските напади врз станбена зграда во градот Беит Лахија извршени во вторникот.

Повеќе од 43.000 Палестинци се убиени во Појасот Газа откако Израел ја започна војната на 7 октомври 2023 година, мнозинството од убиените се жени и деца, а над 101.000 се повредени, објавија локалните здравствени власти.

Израел е обвинет за геноцид врз Палестинците пред Меѓународниот суд на правдата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Политички неологизам на Зајкова: „Независен коалиционер“: Не заминува од коалиција со СДСМ, но ќе делува независно?!

Следно

Лазаров повика 20 ракометари за натпреварите со Естонија и со Литванија

Latest from Blog

Мерц со предупредување: Веќе не постои светскиот поредок заснован на право и правила

Тој на отворањето на Минхенската безбедносна конференција рече дека Конференцијата отсекогаш била „сеизмограф на политичката ситуација“ и додаде дека во последните години сме сведоци на зголемени тензии и конфликти во светот, вклучително

Петрушевски: Договорот со САД за реципрочна трговија ја подобрува економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција

„Многу голем успех на нашата Влада и дипломатија пред се. После оној стратешки договор што го потпишавме со Обединетото Кралство, ова е втор сериозен договор на повидок којшто огромен бенефит ќе има

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева
Go toTop