Божиновска: Очекувам стабилна грејна сезона и покрај затекнатите предизвици во комбинатот

October 28, 2024
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска заедно со раководството на Комбинатот и членови на Управниот одбор на АД ЕСМ, беше во посета на најголемиот производствен капацитет на електрична енергија во земјава РЕК Битола, информираат од МЕРМС.

– За жал, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола затекнаа тешка состојба во нашиот најголем производствен капацитет. Еден блок од термоелектраните, односно ТЕ Битола 1, воопшто не бил ремонтиран, а веќе влеговме во грејна сезона. Таа постројка според оперативниот план, требало да подложи на ремонтни зафати во март годинава, односно веднаш по завршувањето на претходната грејна сезона, но тоа не било реализирано. Колку што е возможно, во техничко-технолошка смисла, стручните екипи на АД ЕСМ и на РЕК Битола го подготвија овој капацитет да биде на располагање на електроенергетскиот систем во текот на зимата и периодично да се вклучува во електроенергетската мрежа, рече Божиновска.

Како што стои во соопштението, РЕК Битола во моментов работи според енергетскиот биланс за овој период, со два блока. Во претстојните месеци, доколку е потребно во план е да се активира и третиот блок.

– Свесни сме дека станува збор за капацитети стари преку четири децении. Вработените во РЕК Битола ги знаат сите можни предизвици и ќе направат сè што е во нивна моќ максимално да ги одржат работните процеси во термоелектраната во текот на претстојната зима. Зголемувањето на домашното производство е наш императив и добив уверување дека се преземаат сите потребни чекори за континуирано и доверливо производство на електрична енергија во текот на зимата, рече Божиновска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Националниот парк Шар планина се уште ги чека средствата за имплементација на проектот „Инвестираме во Шара“

Следно

Joсифовска Даниловска: Треба заеднички да работиме за етичката употреба на ВИ

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop