Советот на јавни обвинители ќе го проверува известувањето дека се врши притисок врз скопското обвинителството

October 22, 2024
1 min read

Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, денеска изјави дека е примено известување од Вишото јавно обвинителство Скопје дека се врши притисок врз работата на обвинителството. 

– Известувањето е доставено од страна на вишиот обвинител, сите понатамошни постапувања и преземени дејствија, ќе бидат споделени. Во однос на содржината, не можам да ја споделам пред да се запознаат членовите, рече таа. 

По денешната седница, таа, исто така, информираше дека републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ги информирал членовите на Советот дека ја проверува работата на сите четири виши обвинителства.

Коцевски претходно преку соопштение ги отфрли тврдењата на шефот на вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи за наводно мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје.

Тој изјави дека има обврска, првпат после повеќе од четири години, да изврши надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје поради информации и пресуди од Врховниот суд кои укажуваат на можно нестручно работење и пријави за закани и притисоци кон вработени во обвинителството.

До крајот на месецот, контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во ОЈОГОКК. Коцевски очекува нападите кон него да продолжат со уште поголем интензитет, особено од лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова го помилува Талески

Следно

Жена со часови останала заглавена меѓу карпи во Австралија

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop