Волф ги обвини судиите за пристрасност на трката за ГН на САД

October 22, 2024
1 min read

Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, коментираше дел од одлуките на стјуардите на трката за ГН на САД возена во неделата во Остин.

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, беше казнет затоа што го истурка возачот на Кик-Заубер, Валтери Ботас, а претставникот на Мекларен, Ландо Норис, поради претекнувањето на лидерот оваа сезона, Макс Верстапен надвор од патеката.

– Верстапен не доби казна за инцидентот со Норис на почетокот на трката, а Ландо беше казнет затоа што беше истуркан и претекнат однадвор. Мислам дека ова е малку пристрасна одлука, но, знаете, не сум изненаден, ги цитира „RaceFans“ зборовите на Волф.

Победник на трката беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, неговиот тимски колега Карлос Сајнц го освои второто место, а возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ја комплетираше првата тројка.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Екстремните Израелци бараат протерување на Палестинците со цел освојување на околниот регион за формирање „Голем Израел“

Следно

Во Истанбул започна меѓународниот саем за одбрана САХА Експо 2024

Latest from Blog

Осумдесет политички затвореници се ослободени во Венецуела, изјави претседателот на Парламентот

„Денес, 80 лица беа ослободени во Каракас“, рече тој, откако венецуелското судство ослободи 379 политички затвореници по усвојувањето на Законот за амнестија. Амнестијата беше ветена од привремената влада по апсењето на поранешниот

Коњановски со порака за Прочка: Простувањето е пат кон љубов и мир

повод празникот Велики поклади – Прочка, Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола, упати порака за простување, љубов и духовно издигнување. Во својата порака, Коњановски нагласи дека празникот е симбол на простување и
Go toTop