Таравари: ДУИ нема да протестира, им студи – Раководството на ДУИ од утре излегува на средби со граѓани

October 22, 2024
1 min read

ДУИ се предомисли за одржување протести бидејќи е ладно времето, вака министерот за здравство Арбен Таравари ја иронизираше одлуката на интегративците која беше донесена на вчерашната седница на претседателството на партијата во иднина да одржуваат средби со граѓани. Таравари воедно им порача да ја реформираат партијата.

-Не одат на протести, туку на средба со граѓани. Јас им препорачувам на ДУИ прво да започнат со реформи во партијата. Имаат доста некредибилни луѓе меѓу нив, им треба и адаптација во опозиција, така што, прво беа протести сега ми се чини поради ниските температури одлучија да се сретнат со граѓаните, нека се сретнат и убаво е, ние континуирано се среќаваме со граѓаните и тоа е да речам должност на сите партии да се сретнуваат и да зборуваат со граѓаните, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

На вчерашната седница на централното претседателство на ДУИ било одлучено да се прифати иницијативата на ограноците за започнување на средби со граѓани кои ќе започнат од утре, а ќе ги одржува највисокото партиско раководство. Генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети во Клик плус на ТВ21 вели дека ДУИ секогаш ги договарала своите постапки со партиската база и народот. Иако вели дека како партија не најавувале протести, сепак рече не се исклучени да се случат.

Фатон Ахмети: Сите опции се отворени…
Новинар: Не, не… ве прашувам дали како ДУИ, во овие прес-конференции, во овие јавни настапи, дали буквално сте го спомнеле зборот „протести“?
Фатон Ахмети: Не.
Новинар: Значи не, никогаш?
Фатон Ахмети: Не.
Новинар: Значи затоа не сакате да зборувате дека протестите се само закана…или останаа само зборови? Дали ги имате во план?
Фатон Ахмети: Ние продолжуваме со средби со базата, со народот, и не се исклучува на крај и протести да се организираат.

Во своите заклучоци од вчерашното претседателство, интегративците повторно оценија дека одвојувањето на Македонија од пакетот со Албанија на евроинтегративниот пат е лоша вест и нагласуваат дека ДУИ ги поддржува уставните измени за што отворено ја повикаа Владата да покрене процедура за нивно донесување.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики

Следно

Делегација на МВР на Саем на одбрана и безбедност во Турција: Со напредни технологии за ефикасна борба со криминалот

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop