Стојаноски: Во новиот буџет има многу позитивни изненадувања за сите работници во Македонија

October 22, 2024
1 min read

Додека пратеничката Тренчевска држеше прес-конференција оквалификувајќи ги мерките на владата како мерки што не дале резултат, излезе соопштение во која што синдикалната кошничка на синдикатот ССМ укажа на тоа дека мерките на владата кој што се во моментот на сила дале резултати и цената на храната за еден месец е намалена за 935 денари. Она  што е важно да се нагласи е дека економијата е суштинско сериозна тема која што бара систематски пристап, а никако пристап на технички така наречени грешки во кој што се промашуваат процентите за покачување на минимална плата и веднаш по тоа се аплицира тоа кој што е кажано во Собранието.

Ова го истакна денес Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

-Целокупната синдикална кошничка се има намалена за 57 денари, но доколку ги видите контрибуторите во синдикалната кошничка, ќе видите дека поскапувањето односно драстичното не намалување не доаѓа заради мерките кои што се од владата току заради поскапување на цената на облеката, додека оние мерки кои што се превземаа со проширувањето на позитивната листа на лекови имаат дадено резултат.Исто и мерката за ограничување на бруто марша како и стапување на сила законот за нефер трговски практики и за симнување на капацитетите кои што тие закони ке треба да ги контролираат апелираме до пратеничката група на СДСМ да станат посериозни да не се случуваат повеќе технички грешки, бидејќи еднаш беше таков случај со амандманите за ребаланс на буџетот, сега е по нив и втората техничка грешка заради тоа што во Собранието е потребна сериозна опозиција, а не опозиција која што за дневно политички теми исфрла памфлет закони кој што нема да го подобрат животот на работниците, истакна Стојаноски.

„Тоа што е нашата порака до нив е исто дека во наредниот период ќе пристигне и текстот на новиот буџет за 2025 година, таму има многу позитивни изненадувања за сите работници во Р. Македонија, без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор и нека припремат Амандмани на начин на кој што може сериозно да го подобрат тој текст,а не да се пишуваат вакви закони кои што повторно ќе кажам немаат врска со реалноста“ – порача тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Од домашно производство лани задоволени 34,7 отсто од вкупно потребната енергија

Следно

Автобус со број 7 удрил во 55-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница

Latest from Blog

Силна експлозија во рафинерија за нафта во Ново Мексико, неколку повредени

Силна експлозија се случи денес во рафинерија за нафта во американската држава Ново Мексико, а официјални лица изјавија дека има повредени. По експлозијата, густ чад се издигнал над зградата, а противпожарната бригада

Николоски: Кичево е Македонија, а Александар Јовановски ќе биде нов градоначалник

Кичево е Македонија! 🇲🇰 Оваа прекрасна изборна кампања ја завршувам вечерва во Кичево! Д-р Александар Јовановски ќе биде новиот градоначалник. Ќе се посветиме со сите сили за целосен препород на Кичево! Масовно

Тоневски: Време е за нов почеток и вистински развој во Пробиштип

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, ја заврши својата изборна кампања со порака до граѓаните дека во недела следува вистинското време за одлука. „Во недела Пробиштип ќе добие нов градоначалник.

Дали проклетството го “фати“ и Дуе?!

ФОТО: FC PSG/FB Голем удар за ПСЖ, за тимот на стратегот Луис Енрике. Имено младиот напаѓач Дезире Дуе, кој игра во фантастична форма, се повреди и не ќе може извесно време да
Go toTop