Црна Гора ги забрани пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба

October 21, 2024
1 min read

Пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба од вчера се забранети за употреба во Црна Гора, согласно Законот за управување со отпад.

За непочитување на таа законска одредба се предвидени казни од 1.000 од 40.000 евра

Законот за управување со отпад стапи на сила на 20 април, а примената на поединечните одредби, вклучително и оние кои се однесуваат на пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба, е предвидена за шест месеци од денот на стапување во сила, соопшти агенцијата МИНА.

Според законот, забранета е употреба на лесни пластични кеси за носење, со дебелина на ѕидот од 15 до 50 микрони, на продажното место на стоки или производи.

За кеси со дебелина на ѕидот поголема од 50 микрони се плаќа такса од 0,03 евра.

Покрај најлонските кеси, забранети се и пластични сламки, но и пластични прибор за јадење и одредени кутии за пакување на храна.

Законот предвидува и посебни давачки за депонирање на мешан комунален отпад, бидејќи целта е да се намали депонирањето на отпадот на депониите.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Собранието добива „глува соба“ за доверливи разговори

Следно

Гран при на „Киненова“ за филмот „Жена-убиец“ на режисерката Ева Натена

Latest from Blog

Турскиот претседател ги повика Азербејџан и Русија да покажат воздржаност поради тензиите

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повика Русија и Азербејџан да покажат воздржаност поради зголемените тензии меѓу двете земји, истакнувајќи дека Анкара има „длабоки и стратешки врски“ и

Косовскиот парламент евакуиран поради добиена безбедносна закана

Зградата на Собранието на Косово денеска беше евакуирана по наредба на обезбедувањето, непосредно пред почетокот на 42-то продолжение на конститутивната седница. Пратениците кои беа во салата веднаш заминаа од парламентот, додека во
Go toTop