Оксфорд: По две топли зими Европа треба да се подготви за пониски температури

October 15, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Европскиот континент би можел да се соочи со постудена зима од минатата година, известува Анадолу.

Благата зима во 2024-2025 година би можела да ја зголеми побарувачката на гас за најмалку од осум до 10 милијарди кубни метри, а студената за најмалку од 20 до 25 милијарди кубни метри во споредба со минатата година, според Оксфордскиот институт за енергетски студии (ОИЕС).

Најновиот квартален преглед на ОИЕС покажува дека неколкудневното студено време во септември нè потсети на тоа колку важно влијание може да има температурата врз побарувачката на гас во сите сектори, особено во станбените и комерцијалните.

„Во моментот на пишувањето на овој текст сè уште е рано да се добие солидна временска прогноза за оваа зима, но раните индикации покажуваат голема веројатност дека Западна и Централна Европа ќе бидат погодени од пониски температури во споредба со минатата година поради феноменот Ла Нина, иако температурите сѐ уште може да бидат повисоки од долгорочниот просек“, се вели во извештајот.

И покрај слабите европски фундаменти, цените се зголемија во третиот квартал на 2024 година поради ограничувањата во понудата и зголемената конкуренција. Европското производство незначително се намали, а дополнително имаше прекини на гасоводи од Норвешка, поради што беа зголемени цените на гасот беа зголемени.

Во извештајот се наведува дека глобалниот пазар на гас повторно се заострува. Увозот на ЛНГ од Азија се зголеми во текот на летото, а побарувачката е особено зголемена од Кина, Индија и Јапонија. И покрај слабата европска побарувачка за гас, цените се зголемија поради ограничената понуда.

Извештајот предупредува дека Ла Нина може да донесе пониски температури, што ќе ја зголеми за побарувачката за греење, особено по две благи зими што го намалија притисокот врз нивоата на складирање.

Големото потпирање на Европа на увозот на ЛНГ значи дека таа ќе продолжи да плаќа повисоки цени за снабдување, особено бидејќи се натпреварува со зголемената побарувачка во Азија. Доколку зимата се покаже поладна од очекуваното, Европа би можела да биде принудена да увезува дополнителен ЛНГ, што уште повеќе ќе ги зголеми цените.

Потребите на Европа за гас достигнаа 550 милијарди кубни метри во 2019 година. Во 2020 година Европа потрошила 534 милијарди кубни метри гас, а по една година 553 милијарди кубни метри гас. Пред две години, односно во 2022 година беа потрошени 496 милијарди кубни метри гас, а во 2023 година 465 милијарди кубни метри гас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска: Очекувам сите училишта да имаат греење

Следно

Во петок и сабота повремени локални врнежи и пониски температури

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop