Османи: Колку сакаат нека зборуваат дека Албанците ги оштетиле македонските интереси! Ја дефокусирав дебатата во Бугарија за јазикот и идентитетот и ја доведов до 3500 Бугари тука!

1 min read

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи во емисијата Дејли Клик на ТВ21 рече дека францускиот предлог, следствено уставните измени што треба да се реализираат е најдоброто решение за спорот на Македонија со Бугарија.

„Колку сакаат нека зборуваат дека Албанците, во овој случај јас сум ги оштетил македонските интереси. Јас во Бугарија ја дефокусирав дебатата за јазикот и идентитетот и сум ја довел на дебата за малцинствата, за 3500 Бугари тука и сум убеден дека ова беше најдоброто решение за државата, за македонскиот народ и за сите други. Не спроведувањето на уставните измени повторно не враќа на дебата за идентитетот, јазикот и историјата“, посочи меѓудругото Османи.

    ИЗВОР: ТВ 21

    Претходно

    Серија настани по повод роденденот на Мирко Попов

    Следно

    Јаневска: Очекувам сите училишта да имаат греење

    Latest from Blog